На прво место

Денеска е Велики Четврток

Велики Четврток

Велики Четврток
Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната се¬дмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христо¬виот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното бого¬служење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причесту¬вањето со телото и крвта Христова.

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток  Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледаа како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставуваше гостинската соба. Во евдна таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадеше последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечерам Тој ја препаша ризата Своја и им ги изми нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Оваа заповед ви ја давам: да се љубите еден со друг.“ (Јован 15,17)

Тоа од Него избрано проштално јадење беше всушност, пасхалната вечера, која беше спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење – односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа беше само праслика, знаци и симболи кои укажуваат на грешност и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. На Тајната вечера, Христос Се прикажува Себе како Новозаветна Пасхална жртва, како Божјо Јагне кое Се жртвува за простување на гревовите, и така нареди лебот да се јаде и виното да се пие во Негова чест. Оваа чиста жртва која и ден денешен се извршува преку Светата Литургија, a со тоа и Евхаристија, ги поврзува сите христијани во едно – Нов Завет во Негова крв. Потоа Христос ја изговара Својата молитва, наречена уште и првосвештеничка, преку која се обраќа кон Отецот да ги зачува сите оние кои поверуваа во Него, и љубовта со која Отецот Го љуби Синот да биде и во нив.

По вечерата, Христос и Неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсеманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот претходоно договорен со старешините, ги доведува да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име беше Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра велејќи му „сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат.“

И сето тоа се случи за да се исполни Писмото.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top