На прво место

Десетици илјади граѓани во Струмица испратија порака на единство, доверба и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција се заблагодари на десетиците илјади граѓани кои вчера присуствуваа на одбележувањето на 36-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, оценувајќи дека бил испратен силен сигнал за единство, заедништво и поддршка за политиките на партијата.

Ковачки истакна дека присуството на голем број граѓани на стадионот „Благој Истатов“ претставува потврда за довербата што ВМРО-ДПМНЕ ја ужива меѓу народот и мотив повеќе за продолжување на работата во интерес на државата и граѓаните.

„Во изминативе 36 години се соочивме со бројни предизвици, тешки моменти, неправди и разочарувања. Но секогаш кога некој мислеше дека сме ослабени, ние станувавме уште посилни. Токму народот и граѓаните беа и остануваат нашата најголема поддршка и двигател на нашата истрајност“, порача Ковачки.

Тој нагласи дека идејата на ВМРО, поставена пред 133 години, продолжува да живее преку ВМРО-ДПМНЕ како организација создадена од народот и за народот, додавајќи дека вредностите на ВМРО остануваат автентични, македонски и цврсто втемелени во стремежот за развој и просперитет на Македонија.

Осврнувајќи се на работата на Владата во изминатите две години, Ковачки посочи дека се реализирани бројни проекти и мерки кои, според него, придонесуваат за економски раст и подобрување на животниот стандард.

Тој потенцираше дека во државата се реализираат рекордни инвестиции од 1,255 милијарди евра, како и силен инфраструктурен циклус кој опфаќа изградба на нови автопати, експресни патишта и железничка инфраструктура. Дополнително, нагласи дека во наредната деценија се предвидени капитални инвестиции во вредност од 10 милијарди евра.

Ковачки посочи дека Владата инвестира и во младите преку реконструкција на студентски домови, доделување ваучери за електронски уреди и поддршка за започнување сопствен бизнис, како и преку мерки за зголемување на платите и пензиите.

„Градиме нови градинки, училишта, патишта, здравствени установи и спортски сали, а истовремено ги враќаме старите долгови наследени од минатото. Македонија денес има развој, проекти, надеж и јасна визија за иднината“, истакна Ковачки.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да води политика на попустливост кога станува збор за националните интереси и дека останува цврсто посветена на заштитата на државните позиции.

На крајот од прес-конференцијата, Ковачки порача дека со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на создавање посилна економија, повисок животен стандард, нови можности за младите и модерна Македонија која сигурно чекори кон својата европска иднина.

„Македонија се исправува чекор по чекор. Сега е време да забрза. Тоа е нашата обврска“, порача Ковачки.

Најново од: На прво место

Муцунски: Од ЕУ слушаме пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на македонскиот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но нагласува дека тоа нема да биде решение по секоја цена. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за МИА, изјави дека се работи на решение за одблокирање на […]

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата […]

По снимката што ја вознемири јавноста, МВР ги идентификуваше осомничените за нападот во Гостивар

Двајца малолетници од Гостивар и 20-годишен скопјанец се осомничени за насилниот инцидент во кој биле нападнати две лица. Случајот ќе се води по брза постапка. Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот инцидент во Гостивар, за кој на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка видеоснимка. На снимката се гледа како за време на […]

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

Македонски историски календар: 3 август – слободно Крушево, Крушевската Република и борбата за македонска државност

На 3 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е нераскинливо поврзан со ослободувањето на Крушево, воспоставувањето на Крушевската Република, херојските борби на илинденските востаници и завршувањето на Првото заседание на АСНОМ. 1903 – Ослободено е Крушево Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1903 година, околу 750 востаници, организирани во […]

Честит Илинден до сите Македонци каде и да се!

Редакцијата на „Македонска нација“ – mn.mk им го честита големиот национален празник Илинден на сите Македонци во Република Македонија, во Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа, како и на македонското иселеништво ширум светот. Илинден е симбол на македонската борба, слобода и државност. Тој е вечниот пламен што ги поврзува илинденците од 1903 година со […]

Илинденското востание – македонската епопеја за слобода и сопствена држава

На 2 август 1903 година македонскиот народ се крена против османлиското ропство и пред светот ја покажа својата решеност да живее слободно во сопствена држава Илинденското востание од 1903 година претставува еден од најсветлите и најзначајните настани во поновата историја на Македонија. Тоа не било ненадеен и изолиран бунт, туку врв на долгогодишната организирана борба […]

To top