На прво место

Мицкоски: Активната блокада не е инстант акција, во понеделник на седница на Извршниот комитет, ќе се отвори дискусија и за вториот и за третиот чекор

Mickoski 14.05.20223

Mickoski 14.05.20223

„Тука имаме една чудна би рекол навистина интересна состојба, истите тие кои што пред медиумите велат дека активната блокада не успеала, коленичат и плачат пред странските амбасади како ВМРО-ДПМНЕ блокирала, како ВМРО-ДПМНЕ бојкотирала итн.

Значи зборуваме за луѓе кои што сакаат да бидат мачо пред медиумите и мислат дека така македонската јавност ќе рече браво вие сте цврста власт, покажете им како треба. А, од друга страна коленичат и солзи ронат пред амбасадорите и пред амбасадите мислејќи дека на тој начин тие ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе се уплаши и готово тоа што сме го наумиле ќе нема да го спроведеме.

ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасна и јас бев многу јасен, го чекавме 100 дена, подававме рака дури и лично губевме од сопствената супстанца, трпевме и удари од народот зошто сме млаки, зошто не нема, зошто молчиме. Но бевме свесни дека треба да оставиме 100 дена. Еве ова се би рекол од геостратешка смисла сложени моменти и за Европа и светот, сакавме да бидеме државо-одговорни како што секогаш бил ВМРО-ДПМНЕ така и сега. Поминаа 100 дена, дадовме последна шанса до Ковачевски и останатите за дијалог“, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Мицкоски додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ даде шанса, сепак власта одлучи на еден брутален начин да ја одбијат подадената рака.

„Тоа е нивна одлука, дали е исправна времето ќе покаже. Но, она кое што ВМРО-ДПМНЕ тогаш го кажа и јас лично беше следново, се што не е од интерес за граѓаните ние ќе блокираме од Парламентот како прв чекор.

Во понеделник ќе имаме седница на Извршниот комитет, ќе отвориме и дискусија и за вториот и за третиот чекор, ова е стратегија која што многу ќе трае. Ова нема да биде инстант акција која што ќе заврши денес или утре. Ова е стратегија која што  ќе трае, јас не очекувам дека туку така ќе ја напуштат луѓето фотелјата која што ја држат. Бидејќи тие знаат дека никогаш повеќе во животот ќе немаат таква можност. И грчевито се борат небаре ова е последниот ден за сите нив. А, гледаат дека само народот е тој што губи, и ќе ја испорача народот сметката. Од една страна на медиумите ќе им кажат видете ние успеавме да го скршиме отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна пред странските амбасади ќе коленичат и ќе плачат и ќе викаат видете овие ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира активно секој оној закон, секоја онаа иницијатива како што беше онаа за Законот за автентично толкување за игри на среќа и ред други закони. Ќе ги блокира ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие закони не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но,  се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи.

„Сакам да апелирам на одговорност и до Талат Џафери и до СДСМ и до ДУИ веднаш на седница да го стават Законот за заем од Светска Банка каде што 63 милиони евра ќе бидат вложени во општините во Македонија, во нова инфраструктура, во нови улици, во нова канализација, во нови водоводи. И наместо повторно да ги блокираат успешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да го стават на Пленарна седница и да го изгласаме затоа што на крајот од денот бенефит од тоа треба да видат граѓаните, тие кои што ги плаќаат и нив, и нас.

И затоа нека бидат барем еднаш одговорни и нека престанат да плачат по амбасадите, нека го стават законот на гласање и нека го поддржат затоа што тоа е сега, народот одлучил ВМРО-ДПМНЕ да има 50-тина општина каде што ќе биде власт, а они имаат 10—тина, 15 колку и да се. Но, на крајот на денот народот е тој кој што добива. Еве веднаш ви кажувам на отворена сцена дека тој закон ќе го поддржиме затоа што 63 милиони евра ќе бидат вложени во проекти, мислам дека тука ќе добие Кисела Вода повеќе од милион евра, ќе ги вложиме во подобри услови за живот на граѓаните“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека  сега е потребно одговорно однесување.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top