На прво место

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикуваат на големиот протест пред владата на Република Македонија во Скопје на 18 јуни

Logo

Logo

Македонија отсекогаш патела од предавници и продадени души, но ова веќе ја преминува секоја граница.

До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не` нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се`со своите глупости да и`го валкаат името на нашата Македонија.

Народов веќе доволно претрпе додека предавнички, плитки и проклети умови решават за неговата иднина!

Продадоа име, идентитет и што уште не. Нашиов народ има поговорка која вели: „Ѓаволот ни ора, ни копа“… Галиба грешка е! И ора и копа и ни ја вади душата со секој збор излезен од било која уста што е против интересите на Македонија!!!

Македонија има патриоти во Македонија и дијаспората кои си ја сакаат државата и се` би дале за неа, се грижат за својот народ и работат во интерес на државата.

Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување! Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации!

Затоа мили наши браќа и сестри, да го подржиме големиот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни пред владата на Република Македонија во Скопје.

Секој Македонец треба да застане во првите редови на фронтот во одбрана на иднината на нашите деца и внуци, во одбрана на демократијата, за да ја зачува слободата и да не стане граѓанин од втор ред во својата земја.

Да не дозволиме душманите да направат уште еден геноцид врз Македонците, овој пат идентитетски.

Само така обединети, ќе им се спротивставиме на овие предавници, продадени души и ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат!

Само обединети можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци!

281029566 10209834480136575 524839445101964026 n

Заради тоа, Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикува сите без разлика на вера и нација, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Евреи и сите други кои живеат и се дел од нашата заедничка Македонија, да учествуваме на масовниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни пред владата на Република Македонија во Скопје.

Премногу е! Ова е протест за промени!

Предвремени избори се спасот за сите Нас и за нашата заедничка Македонија!

Вечна да е Библијска Македонија! АМИН!

UV

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

To top