На прво место

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

1Hristijan Mickoski6

1Hristijan Mickoski6Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада, и секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, власта тоа го знае и уплашена конструира лаги и измислици против мене.

При денешната посета на општина Гази Баба во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за апсењето на наводно блиски луѓе и обвинувањата од СДСМ за инволвираност за случајот со продажбата на ниви во Делчево истакна дека се конструираат лаги и измислици и се дефокусира јавноста од тешкиот живот  и инфлацијата, бидејќи се плашат и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.

„Видете јас сум навикнат да околу мене се конструираат лаги, измислици и невистини, четири и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и најчесто тие што тоа го конструираат завршуваат со судски пресуди и треба да се извинат. Така беше многу пати во минатото така е и сега и така ќе биде во иднината.

Нормално уплашени се знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ќе ја формира следната влада и знаат дека ќе треба да одговараат за криминалот па сега се обидуваат да растураат пердуви и да конструираат лаги и измислици и да ги поврзуваат со мене. Но тоа мене дополнително ме мотивира да продолжам да работам онака како што до сега сум работел чесно, посветено, мотивирано така било и така и ќе биде. Се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од брилијантното однесување во парламентот, од инфлацијата, од тешкиот живот, од сите оние фаули што ни се случуваат секојдневно со тоа што нешто ќе поврзат негативно во општеството со мене.

Да бидеме јасни и прецизни, јас верувам во презумција на невиност но исто така секој оној што се огрешил пред законот, родена сестра и брат да е, ќе одговара, времето на неказнивост на поединци во општеството заврши, времето на луѓето кои што мислат дека ќе си поигруваат со законот, заврши, но тоа важи и за сите останати кои што биле на линија на законот од едната или од другата страна. Затоа сакам да им порачам на сите оние конструктори и измислувачи на лажни вести дека продолжуваме понатаму да се бориме против криминалот и корупцијата, продолжуваме понатаму да ги реализираме проектите а нормално повторно ние ќе се најдеме на суд и повторно нивниот партизиран суд, нивните партизирани органи на прогонот ќе треба да се извинат“,  нагласи Мицкоски.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top