На прво место

Митева:На 18 јуни граѓаните ќе протестираат за промени, едногласно ќе кажат НЕ кон оваа Влада

1Miteva13

1Miteva13

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на Радио Лидер зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го организира на 18 јуни и потенцираше дека токму на овој протестот граѓаните ќе кажат НЕ кон оваа Влада. -Предвремените парламентарни избори се излезот од сите кризи кои СДСМ ги создаде.

Во однос на протестот на 18 јуни  мислам и ценам дека треба да се каже едногласно НЕ кон оваа Влада. Пред се мислам дека и овој протест ќе помине во мирна атмосфера, а пораката која што ќе биде упатена ќе ги освести овие од власта да седнат и да размислат дали е време да се случат предвремени парламентарни избори затоа што колку повеќе одолговлекуваат толку полоши ќе бидат нивните резултати на изборите кога и да се случат, рече Митева во своето гостување.

Митева во текот на своето гостување наброја само дел од многу причини поради кои е потребно оваа влада на СДСМ да си замине.

-Предвремени избори и зошто е премногу од оваа власт?

Причините мислам дека сите добро ги знаеме, ќе започнам од катастрофалната економска состојба, од она што ни се случува на домашно поле по однос на инфлација, иако континуирано зборуваат дека е увезена извештаите покажуваат дека инфлацијата во еврозоната е 8%, а во Македонија е 11.9%. Тоа не е увезена инфлација.

Ние имаме поскапи цени за храна, за гориво. Ние имаме најлош раст на БДП за разлика од оној кој го имаат државите во регионот, а и тие се во криза како и цел останат свет меѓутоа развојот на економијата оди во многу подруга насока за разлика од тоа што се случува во Македонија.

Ние имавме убедливо најлошо справување со здравствената криза која што не знаеме дали уште е завршена, имавме најголема стапка на смртност.

Ние имаме најкорумпирана влада. Имаме Влада која што се занимава со криминал корупција, која што го штити криминалот наспроти тоа дека треба да се бори против него.

Ние имаме најлоша надворешна политика која некогаш била водена од страна на било која власт, македонските преговарачки позиции се нарушени.

Ние имаме на дневна основа премногу понижувања. Само вчера на тоа што се случуваше од страна на еден премиер кој што иронично се насмевнува на шега која што воопшто не е смешна.

Така што можам уште многу да зборувам и да кажувам, но јас сум сигурна дека граѓаните ќе го кажат своето на 18 јуни, истакна Митева.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top