На прво место

Пишува Тодор ПЕТРОВ : Не поминува подметнувањето со француската Преговарачка рамка против Македонскиот народ!

1091232
1091232
Преговарачката рамка на Макрон од Париз, Франција, со сите “праведни“ бугарски барања, е со цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја, чиј администратор ќе биде Софија!
Но, Македонскиот народ не прифаќа Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја чиј администратор ќе биде Софија!
Пораката од народот, од протестот пред Владата, на 2 јули 2022 година, е голема!
Независно од организаторот, ги имаше од сите сорти и партии, па и од независните, доминираа Македонците, да ја одбранат сопствената држава Македонија!
Многу народ… Многу, многу, многу…
Ако Димитар Ковачевски не го послуша гласот на народот, после предавството кое го подготвува со Софија, а неговиот претходник – шарлатанот Зоран Заев тоа веќе еднаш со Атина го оствари, му следи доживотен затвор Идризово и конфискација на целиот негов личен имот и имотот на членовите на неговото семејство, бидејќи македонскиот правосуден систем не прифаќа смртна пресуда! Да имаше, лесно ќе беше!
Демократскиот свет, вакво злосторство против народот, геноцид врз државотворниот народ, на електричен стол го решава, на пример, во Соединетите Американски Држави! Таму електричен стол заслужуваат поединци кои се огрешиле од законот. Кај нас, за одземање на душата на народот, не електричен стол, електричен перпетуум мобиле нема да им ги покрие гревовите!
Е, па, добро де, аман бре, за кого одработувате? Кому државата и нацијата ги распродавате! Има ли душа во вас? Чувствувате ли грев пред Господа?
Ајде една поука од историјата…
Анархизмот во Македонија е производ на врховизмите во поглаварствата! И? Во такви услови, за вниманието на светот да го свртат за правото на Македонскиот народ на државност, се појавиле велешките гемиџии, кои не случајно ги дигнале во воздух Отоманската банка и францускиот брод Гвадалкивир во солунското Македонското пристаниште!
И успеале во анимацијата на идејата за: Суверена и самостојна држава Македонија! Во времето на Отоманската Империја! По цена на животите… Вечна им слава и за многаја лета на велешките гемиџии, солунските атентатори!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top