На прво место

ОМД: НЕ за Францускиот Предлог – Тројански Коњ за Бугарските Националистички Барања

1fr123

1fr123

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас на Македонците надвор од Македонија, силно ги поддржува ставовите на мнозинството на граѓаните во Република Македонија и бара од Владата на Ковачевски веднаш да го одбие францускиот предлог кој е тројански коњ за бугарските националистички барања и апетити. 

Францускиот предлог вметнува билатерален спор во преговорите за влез во ЕУ. Македонија не смее да дозволи Бугарија да успее во нивното историско негирање и ревизионизам.

Истовремено, остро ја осудуваме изјавата на Бујар Османи дека доколку Македонија не го прифати францускиот предлог ќе има меѓуетнички тензии – заплашувањето на народот на никому не му е од корист. ОМД го потсетува Османи дека Македонија е НАТО членка и нејзините територијални граници се загарантирани со потпишувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Македонија во мај 2008 година.

Францускиот предлог не дава никакви гаранции дека македонскиот јазик е чист и дека ќе стане официјален јазик на Европската Унија кога Македонија ќе стане полноправна земја членка. Предлогот само нотира дека ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик – тука нема погрешно протолкување – ова не е изјава на признавање. 

Со многукратното спомнување на членот 12 од Договорот за Добрососедство со Бугарија, францускиот предлог ги вметнува бугарските услови за идентитетот, јазикот и историјата кој се изгласани со резолуција од мнозинството на Бугарското Собрание. Во истото тоа собрание на земја членка на Европската Унија, на 24ти јуни, триесетина бугарски пратеници гордо истакнуваа натписи со “Македонија е Бугарија.” 

Францускиот предлог ја менува преговарачката рамка и додава дополнителни услови. За Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ се додава условот дека мора Бугарите, кој според последниот попис во Македонија се 3,504 на број (еднакво на статистичка грешка), да се додадат во Уставот на Република Македонија, без било каков реципроцитет. Со овој потег, Владата на Македонија ги загрозува правата на Македонците во Бугарија кој немаат никакви права во таканаречената европска држава Бугарија.

Францускиот предлог е кристално јасен. Човек не треба да е експерт за меѓународно право за да сфати дека Македонија пак мора да плати висока цена за да ги отпочне пристапните преговори, што не е никаква гаранција за идно членство во ЕУ. 

Со прифаќање на францускиот предлог, Македонија ќе си отвори дополнителни проблеми. Најголемиот проблем е тоа што Бугарија, како и Грција со неуставниот Преспански Договор, ќе ги диктираат условите, идентитетот, јазикот, и историјата на македонскиот народ и нација.

Упатуваме и јасна порака до опозицијата: да не ви се случи реприза на 2018 година кога 8 пратеници гласаа за промена на уставното име на Република Македонија. Ако Владата мисли да го усвои францускиот предлог, веднаш излегувајте од Собранието за да се оневозможат било какви уставни промени за што е потребно 2/3 мнозинство (80 пратеници).

Народот го кажа своето со овие масовни протести. Да се почитува гласот на народот, да се почитуваат комитите, партизаните и сите оние кои имаат дадено жртва за нашата Македонија. Доста е од компромиси, потчинетост и самонепочитување. Време е Македонија да се посвети на зајакнување на македонштината. 

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top