
Драги тетовчани,
Карапетров:Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово.
Тетово е нашиот дом. Ова место беше предолго оставено на заборавот, водено од неспособни кадри кои се водат од лични интереси.
Нечистотијата, загаден воздух, недостиг на паркинг места, дупки на улиците е децениското секојдневие во Тетово. И ова мора да се смени. Затоа вашиот глас е важен и вашиот глас се брои.
Листата која ја предводам е гаранција дека вашиот глас ќе биде слушнат, одвнатре да ги менуваме работите и да ги штитиме вашите интереси.
Тетовчани заслужуваат промени. Ви ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти кои се важни за Тетово. Работа, проекти и промени кои ќе создадат нова иднина каква Тетово заслужува.
Само обединети и сложни ќе се избориме за повеќе.
Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Тетово.
Гласајте за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија во Тетово.
Заокружете го бројот 2 за вашиот глас за промени во Тетово.