На прво место

Зошто Галичник не е поблиску до Токио

Денес, како и со векови претходно, галичани, како и многубројните гости од целиот свет ќе го одбележат празникот Преображение, со традиционални манифестации, меѓу кои е и поминување на ноќта на отворено во дворот на црквата „Света Петка“. Токму ваквите обичаи и македонската традиција оставаат неизбришлива трага во сеќавањата на странците. Во една пригода, сликарката Ецуко Јагами од Токио, Јапонија, воодушевена од Галичник и од македонските обичаи и традиција, со воздишка и носталгија во гласот извика: „Зошто Галичник не е поблиску до Токио“, за да може почесто да се насладува на овие македонски убавини

И СТРАНЦИТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА И ОД НАШЕТО ДУХОВНО, КУЛТУРНО И ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО

Негувањето на богатото културно и духовно наследство, создавано низ десетвековното опстојување во ридестиот Галичник од неговите бистроумни жители, дарувани со талент од Господ да создаваат вредни уметнички и духовни дела во сите сфери на животот, продолжува. Секоја генерација галичани не само што го чуваат и го негуваат трезорот на културното наследство туку постојано го збогатуваат, со пригодни манифестации на годишнини се чествуваат галичките великани, се прави присет на создателите на уникатните уметнички и мисловни вредности во прекрасниот по многу нешта, уникатен и единствен Галичник. Туристичко-културолошката манифестација „Галичка свадба“ го афирмира Галичник во светот и кога се чинеше дека Галичник ќе се струполи во бездна без надеж за враќање. Токму оваа манифестација не го дозволи тоа и му ја поврати душата, па над половина век ги лекува раните од непромислената државна политика во средината на 20 век, која влијаеше галичани да се иселат, не по нивна желба, туку од егзистенционални причини го напуштаа родното место со голем јад и болка во душата.

Галичани вљубени во својот Галичник и љубителите на Галичник, со макотрпна ангажираност успеваат да го вратат животот, ги обновуваат и ги негуваат духовните и културните традиции и обичаи. И не само тоа, за да не се заборават галичките великани, галичани и нивните потомци и покрај тоа што не живеат постојано во Галичник, ги зачуваа куќите, се градат нови и ги користат за одмор и рекреација на чист планински воздух, доаѓаат и да учествуваат во негувањето на традициите и обичаите. Со векови се празнува Преображение Господово, настан каде што Исус се преобразува и станува сјаен во планината. Според вековните обичаи, вечерта на 18 август, спроти празникот Преображение, во дворот на црквата „Св.Петка“, која се наоѓа на шест-седум километри југоисточно од Галичник, младите ја минуваат ноќта на отворено во шумата, со песни, разговори, шеги и со евоцирање спомени за животот во минатото, покрај оган и со посни јадења.

Тука се наоѓало Старо Село, населба што се спомнува меѓу 11 и 12 век, од каде што жителите биле принудени да се иселат поради честите напади на арамиите Арнаути од Албанија, кои им нанесувале материјални штети и човечки жртви. Жителите во потрага по побезбедно место за живеење ја одбрале локацијата на денешен Галичник, кој опстојува со векови. Во Старо Село, црквата „Света Петка“ останала да сведочи за минатото, осамена во бујна дабова и букова шума. Галичани доаѓаат на излет и да запалат свеќа за здравје, да ги споменат блиските роднини и да му се помолат на Господ. Црквата била изградена меѓу 11 и 12 век, а обновена во 1891 година од фамилијата Чоланчевци, која била економски моќно сточарско семејство. На денот Преображение, 19 август 1998 година, во присуство на околу 1.000 присутни, се изврши реосветување на црквата.

Во спомен и аманет од родителите Ќире и Евдокија, нивните синови Илија, Благоја, Филип и Васе Филиповски извршија целосна реконструкција на црквата.
Традицијата не е прекината, младите ја минуваат ноќта на отворено покрај црквата, на празникот доаѓаат повозрасните, по литургијата се одржува општонародна црковна веселба. Интересно е да се спомене дека секоја галичка фамилија си има свое место каде што го минува денот.
Покрај галичани, на празникот Преображение доаѓаат лица и од други места на Македонија и од странство, а посебно жители од мијачките села.
Во далечната 1998 година, присуствуваа и десетмина сликари учесници на Галичката ликовна колонија. Забележавме две искажувања за импресиите од празнувањето, кое за нив беше несекојдневно и преубаво.

„Заминувам за Лондон со уште едно големо чувство дека Галичник и галичани се центар на културата, дека духот е најсилен на овие простори. Ова што го доживеав на Галичката ликовна колонија и овде на ’Света Петка‘ е нешто што не можам да го опишам со зборови. На моите пријатели ќе им кажам да дојдат и да ја почувствуваат оваа несекојдневна весела атмосфера среде шума.

Среќна сум што бев во Галичник, има многу што да им раскажувам на најблиските“, ги изнесе импресиите академскиот сликар Франсис Ричардсон, учесник на деветтата Галичка ликовна колонија. Неговата колешка Ецуко Јагами од Токио, Јапонија, беше воодушевена од Галичник, од работата на колонијата, од природата, пејзажите, носијата, песните и ората, посебно доживување ѝ била ноќта што ја минала со младите галичани на отворено во дворот на црквата „Света Петка“ кога уживала во изворните песни што ги пееле галичани. На крајот имаше една забелешка, „зошто Галичник не е поблиску до Токио“.

Галичани продолжуваат да ја негуваат традицијата ноќта спроти Преображение и денот на празникот да ги минат во дворот на осамената црква „Света Петка“. Во текот на летото, црквата постојано е посетувана од излетници, кои доаѓаат со велосипеди и со коњи, како одлична дестинација за рекреација. На „Света Петка“, по традиција, галичани доаѓаат и на првиот петок по празникот Велигден, на Балаклија петок, доаѓаат и жителите од селата на Долна Река, да се измијат со водата од црковната чешма, која е лековита и на многу им помогнала да ги решат здравствените проблеми.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top