На прво место

СЕРИЈАТА „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ ПОЧНА ДА СЕ ОБЈАВУВА НА ЈУТУБ

1ele1

1ele1

Александар Донски помеѓу оригинални римски бисти од трети век на Филип и Александар Македонски (Глиптотека во Копенхаген, Данска, јули 2022 год.)

 Деновиве на Youtube почна да се поставува документарната серија во пет епизоди под наслов „ПОТОМЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ“ со поднаслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕНЕШНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ чиј комплетен автор (сценарио и режија) е Александар Донски. 

 Продуцент и спонзор на серијата е македонскиот бизнисмен од Холандија (родум од Охрид) Зоран Чулчески Чулче, кој овој патриотски акт го посветува на своите родители во Охрид. Ко-продуцент на серијата е Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј со Душан Ристевски.

 Серијата е снимена на англиски јазик, но титлувана е на македонски. Текстот го читаат Бубе Донска и Ристе Андов од Лондон (со потекло од Штип), кому авторот Донски исто така му изразува посебна благодарност. Најавната шпица е изработена од фирма од Индија. Оваа документарна серија досега неколку пати е емитувана на националната ТВ Сонце каде предизвика голем интерес среде гледачите, а еве сега се поставува и на Youtube на располагање на пошироката јавност.

   Првата епизода носи наслов „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ ПО ПАДОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА“ и истата можете да ја видите на:

https://www.youtube.com/watch?v=Ip0O1OhXqx8&ab_channel=AleksandarDonskiHistoryChannel

  Во оваа воведна епизода се претставени докази (историски сведоштва) според  кои потомците на античките Македонци останале да живеат во Македонија со векови по уништувањето на античката македонска држава кое се случило во 2 век пред Христа. Ова се важни сведоштва затоа што тие се основа на содржината на останатите епизоди во кои ќе бидат презентирани повеќе десетици културни сегменти (песни, приказни, обичаи, адети и сл.) кои ги имало кај античките Македонци, а се регистрирани и кај Македонците од 19 и 20 век.

  Според авторот Донски,  оваа документарна серија ќе престаува силен удар против повампирената анти-македонска пропаганда од страна на Бугарија и Грција, потпомогната од поедини кругови кај нас, според која денешните Македонци наводно немале никаква врска со античките Македонци. Тој повикува на масовно споделување на линковите со петте епизоди посебно среде меѓународните фактори.

Македонска Нација       

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top