РЕПУБЛИЧКИ СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ВНАРЕШНИ РАБОТИ
СЛУЖБА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ
ЦЕНТАР НА ГРАД СКОПЈЕ
ГРУПА- VI
********
30.07. 1976
С К 0 П Ј Е
СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА
ПРЕДМЕТ: Добиени сознанија за активноста на
македонската емиграција во
Западен Берлин СР Германија
На 29.7.1976 обавен е телефонски разговор со ******** ,кој е на времена работа во Берлин- СР Германија. Предходно ******** неколкупати се јавувал по телефон но неможел да ме добие.
Во разговорот ******** ме известува дека на 2.8. 1976 гoдина во кафаната на Гојко Јаковлевски, „Ново Скопје“ ќе се собитаат македонци, или се во Берлин за да го обележат празникот „Илинден“. Организатори на овој собир се Гојко и неговиот брат а, на собирот ќе присуствуваат и некои емигранти од Југославија. На крајот на разговорот ******** ме извести дека ќе се обиде да се вклучи во друштвото кое ќе се собере кај Гојко, а за се подробно ќе ме извести по писмо.
Инспектор
*********