На прво место

Власта е во рацете на нај антимакедонска партија СДС и нивните коалициони партнери, кој исто така не сакаат да го спомнат името Македонија!

1vmro2
1vmro2
Андоновска:Прв пат од осамостојувањето, нема достојно одбележување на празникот на независноста
Прв пат од осамостојувањето, нема достојно одбележување на празникот на независноста.
Организирале нешто ” ради реда” само.
Срамота!
Но тоа е реалноста за сега, власта е во рацете на нај антимакедонска партија СДС и нивните коалициони партнери, кој исто така не сакаат да го спомнат името Македонија!
Денес Ковачевски бил во градска општа болница “8 Септември”.
Супер!
5 години оваа реномирана болница пропаѓа, ред е да и се посвети внимание.
Денес беа само за сликање и парада таму или планираат да ги решат проблемите и криминалот што се случува последниве години!?
А ќе се реновира ли ГОБ 8ми Септември!? Замислете денес бандава која е на власт, промовирале апарат за зрачна терапија, купен за време на ВМРО ДПМНЕ , пред повеќе од 5-6 години!?
Го чувале неспособниве толку време неупотребен.
А немаат ниту обучен кадар за користење на истиот.
Кога сме кај кадарот, недостасува кадар од повеќе области.
Фалат сестри, инструментарки, анестезиолози, онколози…и никој “уво не го боли”.
Нема ни термини за операции!
Ако сакаш операција на ортопедија , хирургија, треба да одиш вон работно време кога медицински тимови работат во болницата, но работат приватно, по склучени договори!?
И тоа не е се!
Од сите тие договори, наводно 30% од сумата која ја плаќаат пациентите земал директорот!?
Имало поделбата по одреден процент за хирургот, анестезиологот, инструментарка,
но и за директорот по нешто?
Не само што е нејасно зошто нема Мој термин за операции и мора да се работи вон работно време наплаќајќи приватно, повеќе е нејасно зошто и директорот би земал процент од секоја операција?
Ако ова е вака, ова е скандал!
Му го кажавте ли ова на Таче денес!?
Му кажавте ли и дека акцелераторот наместен одамна, подготвен за современи интервенции, 3-4 години нема пациент кој го користел!?
Му кажавте ли дека и по други градови е така, пропаѓа опремата купена за време на ВМРО и стои не искористена.
Му кажавте ли дека во ГОБ 8ми Септември нема зголемени плати за медицинскиот персонал, нема инфективен додаток за вработени во кујна,перална, среден не медицински персонал, администрација!?
Му кажавте ли на Таче денес, дека нема нова медицинска опрема ( освен онаа купена за време на ВМРО која неспособниве ја чуваа по подруми и ходници), нема медикаменти, нема основни работи за функционирање, дури ни хартија за принтање нема!?
Веројатно ништо од ова не сте му кажале на Тачета, затоа што само вашето самарче ви е важно да е натоварено!?
А и да му кажавте, тој па бетер.
Но и ова ќе помине, ќе си заминете и ќе има одговорност за секој зулум, само да потсетам.
Туку Венко добар ли, не сме го заборавиле и него!?

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top