На прво место

Ковачки : ова е национално прашање, треба да го зачуваме идентитетот

1Draga
1Draga
Ги повикувам сите граѓани и општествени чинители, без разлика на партиска припадност, да излезат и да го поддржат Референдумот, ова е национално прашање, треба да го зачуваме идентитетот 

-Станува збор за надпартиско прашање, станува збор за национално прашање и од ова место ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, сите општествени чинители да ни се придружат во собирањето  односно во поддршката на нашата Иницијатива.

Она кое можам да го кажам е дека ние очекуваме тој Референдум да биде успешен, истакна Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки во своето гостување во вестите на Сител.

Тој во текот на своето гостување побара власта да ги прифати резултатие од граѓаните кои што ќе се изјаснат за рефендумското прашање.-Меѓутоа овде сакам да разбијам и една стигматизација која што се прави ете на некој начин се фрла една дамка на овој искрен пристап за зачувување на македонскиот идентитет и историја, а тоа е дека ова власта кое што го кажува и некои структури на власта кои се обидуваат да го оцрнат референдумското прашање и целиот процес на Референдум.

Сакам да направам една паралела со Преспанкиот Договор. Имаше Референдум и власта го прогласи како успешен со неколку стотици илјади гласови каде прогласи победа иако знаеме каков беше резултатот, така иако не успеее, а јас верувам дека ќе успее, ќе ја повикаме власта да постапи на ист начин како што постапи со Преспанкиот Договор односно да ги прифати резултатие од граѓаните кои што ќе се изјаснат за рефендумското прашање.

Во текот на своето гостување Ковачки потсети дека ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со Референдумот да се се одржат предвремени парламентарни избори и на предвремени претседателски избори за да не се прават дополнителни трошоци и да се одбранат националните интереси.

Ние во моментот бараме предвремени избори не само парламентарни, туку бараме на ист ден да одиме и на Референдум, бараме и на ист ден да одиме и на предвремени парламентарни избори, да одиме  и на предвремени претседателски избори затоа што гледате дека во последно време претседателот се изгуби во функцијата која што му е доделена, за која го гласаа граѓаните и не е во сотојба да ги брани македонските национални интереси.

Цениме дека на еден ист трошок, значи да не се прават дополнителни трошоци за граѓаните, тоа да го направиме, сите овие избори да ги оргазираме на еден ист ден, додаде тој.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Најнови вести

To top