На прво место

Костадиноски: Во општина Јегуновце отворена нова детска градинка

3096503
3096503
Костадиноски
Ветеното се остварува, а општината е вистински сервис на граѓаните. Во Општина Јегуновце е отворена, транспарентна институција и јас како градоначалник сум постојано достапен за граѓаните. Мојата канцеларија и вработените во општина Јегуновце се секогаш на располагање и ги решаваат проблемите кои се од локална надлежност. Во согласност со мојата програма и барањата на моите сограѓани ве информирам дека во изминативе месеци работевме вредно, посветено, чесно и успеавме да завршиме неколку капитални проекти, од кои сега ќе ги набројам.
-Завршена е изградба на колекторот за фекална канализација во село Жилче, село Шемшево и целосно оспособување и пуштање во употреба на фекалната канализација во населеното место Жилче;
-Во завршна фаза е изградба на два мини парка во населените места Јанчиште и Јегуновце, комплетно се реконструира основното училиште „Симче Настовски“ во Вратница и тоа поставена е нова термо фасада, реновиран е целиот внатрешен дел на училиштето, инсталирано е парно за греење на пелети;
-И во населено место Сиричино е изградено кошаркарско игралиште со обезбедени финансиски средства од наш иселеник во САД;
-започнавме со изградба на локални улици со бекатон плочки во повеќе населени места на територија на општина Јегуновце;
-Обезбедивме пластични канти за комунален отпад и истите ќе бидат поделени на секое домаќинство во периодот што следи.
Почитувани присутни дополнителни инвестиции кои се планираат за тековната 2022 година се :
-Во финална фаза е решавање на долгогодишниот проблем со вода за пиење за населените места Шемшево и Жилче;
-промена на досегашниот начин на затоплување во подрачните  основни училишта во Туденце, Жилче и Ратае со топлински пумпи со кои ќе инвестираме во нова, модерна, економична и незагадена технологија за нашите најмлади жители односно децата;
-Изградба на тротоари во населените места Копанце и Јанчиште;
-Во фаза на тендерирање е проектот и реконструкција на локалните патишта и улица во населеното место Јегуновце.
Почитувани пријатели денес сум многу среќен и радосен што успеавме да ја отвориме новата детска градинка „Цветови“ која ќе згрижува 50 дечиња и тоа 25 од македонска паралелка и од 25 од aлбанска паралелка.
Градинката е целосна опремена и ги исполнува сите стандарди, инсталирано е ново  модерно парно за греење, со топлинска пумпа, поставени се дополнителни детски реквизити во надворешниот дел на градинката и комплетно оградување на целата градинка.
Градинката „Цветови“ е подготвена за дечињата од општина Јегуновце и од мое име и од името на целата општинска администрација им посакувам среќни, весели денови на сите дечиња и на вработените од новата градинка.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top