На прво место

Мицкоски: Систем за кој вреди да се бориш

1mi1

1Hristijan2

Колумна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, објавена во весникот „Мегафон“, креиран и објавен во организација на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие денови Македонија празнува 81 година од кревањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Таа генерација млади луѓе тргнаа против далеку поснажните сили затоа што веруваа во идејата за слобода, и затоа што ја почитуваа борбата за слобода на своите претходници. И веројатно проценија дека алтернативата на сево ова е да се биде роб под друго знаме, туѓа идеја и да се наведне главата тогаш кога треба да се исправи. 81 година потоа, многумина ќе речат дека е друго време, друг систем, поинакви борби за младиот човек. И точно е тоа, но сепак пронаоѓањето на мотивите за борба, желбата за промени, пркоста и вербата во себе се подеднакво исти, само овој пат насочени на поинаков начин и во други околности.

Пред 32 години Македонија се создаваше тој 8 септември. Тогаш со моите 16 години како и сите од мојата генерација сметавме дека е тоа нашето време, најмодерното, дека ние го имаме правото да ги диктираме условите, да ги менуваме работите, да ги поставуваме условите, мислевме дека сè до тогаш беше некако стереотипно и назадно, и дека светот чека на нашиот глас.

Во голема мера нашата генерација ја имаше горката судбина да успее насекаде низ светот, само не дома, иако ние сепак го имавме правото да ги диктираме работите кои сакавме да ги имаме и за кои сонувавме.

Од денешна перспектива сфаќам дека на сево ова има право секоја една генерација, и обврска на сите останати е тоа да ѝ го овозможат, како и обврската на таа генерација самата да се избори за она право што ѝ припаѓа.

И веројатно многу од работите остануваат специфични за моментот но се многу универзални. Тогаш со истото чувство на посебна гордост и предност кон Македонија, како и денес стојам пред химната Денес над Македонија се раѓа. Тоа за мене не е само едноставна почит кон зборовите, туку разговор со оние титани од минатото кои го даваа најскапото кога се бореа за нашата слобода и ја плаќаа скапата цена за градба на татковината.

Но од денешна перспектива прашањето е што значи сево ова за младиот човек и како тоа изгледа во неговите очи .

Денес реалноста со која тој се соочува ги одзема шансите за целосно размавнување на потенцијалите и работите во кои верува. Одземањето на таа шанса значи ускратување на целата нација за некое ново научно достигнување, за некоја нова писателска, или спортска ѕвезда, за некој нов шампион кој ќе нè претставува низ светот, за некоја наша гордост. Цената од таквото колективно промашување е иселување, потрага по нешто подобро, споделувајќи ја судбината на стотици илјади кои досега ја напуштија земјата. И за тоа генерално постои една сериозна причина, а тоа е отсуството на систем. Систем кој ќе даде шанса на способните, систем кој ќе им даде можност на талентираните, отсуство на систем кој ќе е темелен на вредности и заслуги, систем кој ќе даде шанса за оние кои сакаат да дишат со полни гради, кои ќе ги стимулираат младите да го прават тоа што најдобро го знаат и најмногу го сакаат. Систем кој ќе ги отрфли корумпираните, лукративните, систем каде за да се прескокне пречката ќе треба пот, труд и демонстрација на способност, а не конекции, непотизам и корумпираност. Систем во кој најсиромашниот ќе ја има најголемата шанса, не затоа што не е богат, туку затоа што е способен. Систем кој талентираноста ќе ја поттикнува и ќе ја развива, а слабоста ќе ја селектира и ќе создава услови таа да се надмине. Не треба да се откажуваме од ниту еден човек, но мора способните да ја добијат својата шанса и да го живеат својот сон.

Примерите кога поединците ќе сакаат да го заобиколат системот и да напредуваат се присутни секаде, но добрите држави се издвојуваат по системите кои ги откриваат таквите поединци и ги ставаат во нормалата која подразбира успех само со многу труд и работа.

Некој ќе праша дали е тоа можно кај нас по толку децении потрошени на омраза, рушење на системите и создавање на изместени вредности. Можно е, но за тоа е потребна борба. Да не се потргнуваме настрана кога ќе е тешко, да не се откажуваме затоа што поединечното откажување создава принцип кој потоа станува традиција што се следи. Ако јас се откажам, ударот доаѓа на наредниот до мене. Да не го одбираме најлесниот пат, туку вистинскиот за да стигнеме до целта. А сите неуспеси да бидат лекција за наредните победи.

Како професор на факултет кој гледа како добрите генерации студенти ги празнат клупите и си ја бараат среќата некаде надвор по светот, навистина боли фактот кога пред очи добри луѓе го градат својот сон за некаде надвор од својата татковина. И прашањето е зошто ако тие млади луѓе успеваат насекаде надвор, не можат да успеат дома. Едната причина е токму тој распаднат систем кој ја труе секоја здрава клетка и не овозможува развој, втората причина е што помалку сите млади, но и сите ние се навикнавме да ги прифаќаме работите без отпор и борба, а токму тој отпор ја создава револуцијата на духот, револуцијата на потенцијалите, експлозијата на колективната способност сами да одлучуваме за работите. Ако молчиме, тие ќе мислат дека го имаат природното право да управуваат со нашите судбини, и секоја неодговорна влада ќе зема повеќе од нашиот природен простор на живеење. А колку помалку го има тој простор толку помалку ќе ги има слободата и идеите во кои веруваме. И успехот не е можен без колективната заложба тие промени да станат основата од која понатаму ќе се гради и ќе се создава иднина. И во таа борба секој млад човек ќе ја има мојата поддршка за промени, затоа што ова е и наша заедничка борба. Без оглед каков е поединечниот интерес, целта и мотивите за борба не се поинакви од тие за кои се бореа и илинденците и партизаните. Слободата и успехот се идеалот во кој веруваме, нашето сонце, но и нашата кауза. Слободата дава енергија, распостилање на талентот, експлозија на креативната енергија, и Македонците да веруваат во слободата која долго ја немале, и за која долго умирале и се раѓале мажи и жени под ова сонце. 

Затоа е скапа слободата и таа мора да се брани тогаш кога ни ја одземаат и да се негува и тогаш кога најмногу ја имаме. Да не се откажуваме оваа генерација да ја добие вистинската шанса каква сите претходни ја немавме. Вистинската слобода каде успехот ќе дојде како последица на заслуги и многу труд. Мојата борба е за таа шанса. Шанса да создадеме систем каков денес го немаме, а секој еден од вас го заслужува да го има.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top