На прво место

Платформна декларација за обединувањето на македонското револуционерно движење

Alexander Protogerov and Todor Alexandrov

Alexander Protogerov and Todor Alexandrov

Виена, 29 април 1924 г.

1. ВМРО, во својство на вистинска револуционерна сила, се бори за ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно самостојна (независна) политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници. Таа смета дека политичкото постоење на Македонија може да биде гарантирано само во сојузот на самостојно определените балканска народи во формата на една Балканска федерација, којашто единствено ќе може да ги парализира анексионистичките стремежи на постојните балкански држави, да го осигури правилното разрешување на сите национални спорови, да го гарантира културниот развиток на сите етнографски малцинства.

2. Во својата борба за ослободување на Македонија и за образување на Балканска федерација, ВМРО смета пред се на обединетите сили на целото македонско население во соработка со револуционерните движења на другите балкански народи. А доколку остварувањето на таа задача зависи од меѓународната положба, таа смета исклучително на моралната поткрепа на европските револуционерни и прогресивни струи, а најглавно на сестраната морална и политичка поткрепа на СССР, кој денеска се јавува како единствена држава што се бори за ослободувањето на сите угнетени народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и кој во својата балканска политика нема никакви империјалистички цели.

3. ВМРО ќе ја засили на најрешителен начин својата борба како против српската а грчката, така и против бугарската влада, кои се јавуваат или можат да се јават како орудија на свои или туѓи империјалистички стремежи спрема Македонија. Во таа смисла организацијата прекинува секаква врска и со софиските влади и ќе води борба против нивната политика.

4. Ценејќи го огромното значење на единствениот револуционерен фронт на Балканот за борба против балканскиот и европскиот империјализам, ВМРО најискрено ќе го даде целото свое содејство за поскорешното остварување на единствениот балкански револуционерен фронт, ќе влезе во близок контакт и ќе ја усогласува својата борба со борбата на сите вистински револуционерни движења во другите балкански земји, кои го прифаќаат и се борат за вистинското самоопределување на своите народи, за ослободувањето и обединувањета на Македонија во самостојна политичка единица и за нивното рамноправно сојузување во една Балканска федерација. Организацијата ќе влезе во контакт со комунистичките партии во балканските држави.

5. ВМРО наоѓа дека за образувањето на единствен македонски револуционерен фронт од суштествено значење е групирањето на сите револуционерни елементи на македонското движење во единствен македонски револуционерен фронт. Заради постигањето на единствениот македонски револуционерен фронт, Централниот комитет ќе го запре прогонот на групите што се борат против него и ќе направи постапка за да го обедини целото македонско движење.

6. За спроведување на горната директива, Централниот комитет ќе пристапи кон следните претходни мерки и дејства:

а) ќе издаде окружница до сите нему потчинети комитети и органи, во која ќе ги изложи политичките и организационите директиви што произлегуваат од оваа платформа;

б) ќе даде јавни изјави од името на организацијата во духот на оваа декларација;

в) ќе образува, од пратениците Македонци во парламентите на балканските држави, самостојни парламентарни групи, коишто ќе ја декларираат својата солидарност со другите парламентарни групи и политички партии што ја прифаќаат оваа платформа во нејзината целост;

г) ќе организира раководство на сите печатени органи што го заштитуваат делото на организацијата, врз коишто последната може да има влијание, така што да им биде доверено на лица кои ќе ја спроведуваат оваа платформа;

д) ќе организира издавање и редактирање на специјален печатен орган во странство, кој, во рамките на легалната политичка пропаганда ќе се бори против европскиот и балканскиот империјализам, ќе ја заштитува идејата за самоопределувањето на балканските народи и за Балканската федерација и ќе ги подготвува претходните услови за единствениот балкански револуционерен фронт. Редактирањето и издавањето на тој орган ќе биде организирано по можност преку заемно спогодување на сите заинтересирани фактори.

е) ќе назначи свој специјален делегат и ќе прими кај себе таков за взаемна врска меѓу Централниот комитет на Организацијата и владата на СССР.

Виена, 29 април 1924 г.

Централен комитет на ВМРО

А. Протогеров

П. Чаулев

Т. Александров

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top