На прво место

ВМРО-ДПМНЕ : најгломазниот буџет во историјата на државата ќе служи за криминал и корупција

vmro 2

vmro-dp 1

Срамно е сто СДС со најголем буџет од 5.3 милијарди евра ќе одвојува 750 денари за помош и со тоа се фали, наместо козметика да ги применат мерките кои ги предложивме

Срамно и ниско е што СДС со буџет од 4.4 милијарди евра за 2022 година или 5.3 милијарди за 2023 година двои помош од 750 денари и со тоа се фали.

Наместо да троши пари на нивни луксузи, и договори во четири очи ние предлагаме:

1. Викенд без ДДВ за прехранбени производи во период на прогласена кризна состојба т.е. до 30 април 2023 година.

2. Дополнително одложување на прогресивното оданочување кое треба да стапи на 01.01.2023 година.

3. Дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните со категории на граѓани кои се испуштени (сите самохрани родители, средношколците, невработените лица кои се активни баратели на работа според евиденцијата на АВРМ, децата без родители и родителска грижа, како и корисниците на гарантирана минимална помош). Финансиската поддршка од 3000 денари наместо четири месеци да биде секој месец додека има прогласена кризна состојба, односно заклучно со април 2023 година.

4. За примателите на пензија со износ до 14.000 денари финансиската поддршка да биде 3000 денари месечно, за пензија до 30.000 денари 2000 денари финансиска поддршка и за останатите пензионери по 1000 денари месечно додека трае кризната состојба.

5. За студентите предлагаме враќање на мерката субвенциониран студентски оброк како минатата академска година, но со субвенција која ќе биде 160 денари дневно.

6. Покрај АД ЕЛЕМ, нафтените резерви да може да стојат на располагање во краен случај и за образовните и здравствените институции кои ги користат овие енергенси за затоплување.

7. Со дополнувања во законот за данокот за додадена вредност огревното дрво и пелетите да се ослободат од ДДВ. Според податоци на Државниот завод за статистика, 280.000 домаќинства се греат на огревно дрво, а 50.000 домаќинства со пелети или брикети.

8. 50% намалување на акцизите за моторните горива т.е. дизелот и бензините.

Ова се најновите, но не и последни предлог мерки кои ВМРО – ДПМНЕ јавно ги презентира и апелира Владата на СДСМ и ДУИ да ги прифати час поскоро. Истите се внимателно таргетирани и ги опфаќаат токму најранливите категории на граѓани, но и се реална поддршка за стопанството кое е пред колапс.

Ако СДС сака да им помогне на граѓаните и стопанството, тогаш ќе ги прифатат мерките во целост.

Доколку СДС продолжи да калкулира, тогаш само ќе потврдат дека не им се важни граѓаните, туку нивниот личен интерес.

И дека најгломазниот буџет во историјата на државата ќе служи за криминал и корупција.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top