На прво место

Томовски: Афера Паразити – власта живее во луксуз, директорот на М НАВ Хамиди со плата од 345.000 денари, за еден мандат заработува пари колку обичен граѓанин за 76 години

60903

60903 Томовски

Додека народот гладува, а минималната плата е 18.000 денари. Инфлацијата за една година е 20%, а цените на храната се зголемени и за 30%. Функционери именувани од владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години.

Да, добро слушате. Во Македонија со СДС, каде за лечење во странство се собираат донации по СМС, затоа што власта нема пари да ги покрие трошоците, функционери именувани од истата таа власт за само еден месец заработуваат колку што поголемиот број на граѓани заработуваат за нецели две години.

Од денес почнуваме со изнесување во јавноста на факти од аферата Паразити, преку кои ќе објасниме како одредени функционери именувани од владата живеат во луксуз додека народот страда.

Да одиме со ред.

Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од 4 години 16.560.000 денари.

Ако оваа сума се подели со 18.000 денари колку што е просечната плата, се добива 920, тоа е бројот на месеци, што е еднакво на 76 години, кои што се потребни за да се заработи таа сума на пари со минимална плата.

За еден мандат Хамиди, од челното место на М НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 76 години.

Односно најголемиот број од народот во Македонија, во својот живот нема да може да ги заработи парите кои првиот човек на М НАВ именуван од владата ќе ги земе за 4 годишен мандат.

Ништо поразлично не е ниту членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари месечно.

За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата.

Овие двајца функционери именувани од владата за еден свој мандат во М НАВ заедно ќе наплатат половина милион евра само за плата.

Двајцата директори во М НАВ ја чинат државата еден голем булевар, или само со парите за нивни плати за 4 години може да се купат 8 амбулантни возила или 3 противпожарни возила.

Сега е многу појасно зошто власта нема слух за растечката инфлација, за секојдневната мизерија во која тоне народот.

За овие функционери од власта нема криза, се додека е СДС на власт, и се додека истото тоа СДС зема кредити и се задолжува буџетот, ќе може да им се исплаќаат плати и пари кои што поголемиот дел од народот нема никогаш во живот да ги заработи.

Ова се луѓето на кои им е сосема логично СДС да остане на власт, за тие непречено да се луксузираат додека народот мизерува. Ете затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=tjTM13OE9WI

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top