На прво место

Николоски: Избори на пролет и нова влада за справување со енергетската и економска криза

901217

901217Александар Николоски

Барањето за предвремени избори е потребно од причина што прво оваа влада има спорен легитимитет од самиот почеток, знаете дека се работи за еден збир од многу политички партии, помали и поголеми кои што ја држат оваа влада, а дополнително многу побитно од композицијата на владата е тоа што не испорачала во две клучни области, прво е животниот стандард за што се најзаинтересирани граѓаните, и второто е битката со организираниот криминал и корупција. Во двата сектори има сериозно уназадување а тоа го чувствуваат граѓаните на своја кожа и тоа е причината зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори, вели  Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата 360 Степени на телевизија Алсат М.

Николоски потенцираше дека брзи предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро бидејќи и економската и енергетската криза се толку силни што не смее да се губи време, додавајќи дека ако зимата 2022 година е лоша, зимата 2023 година ќе биде уште полоша, бидејќи се трошат резервите на гас и електрична енергија, а неспособна влада на СДС не знае да го организира домашното производство и затоа е потребна нова влада која ќе се спреми за 2023 година.

Зошто велиме брзи? Затоа што економската криза и енергетската криза е толку силна и толку не знаат да се снајдат што не смее да се губи време. Факт е дека оваа зима е изгубена, но исто така луѓе кои што малку разбираат знаат дека следната зима, зимата 2023 година ќе е полоша и од зимата 2022 година затоа што нема брзо да завршат воените дејствија во Украина. И ако оваа година имаше и резерви на гас, имаше начини да се произведе електрична енергија, имаше начини на снабдување на Европа со гас и електрична енергија, веќе во 2023 година тоа ќе е многу покомплицирано. Се очекува нагоре да одат цените на сите енергенси, а со неспособен тим кој што не знае да го организира домашното производство, да направи оптимизација и добро да го менаџира процесот мислам дека 2023 година ќе биде уште полоша и затоа мора изборите да се случат што побрзо, најдоцна до пролет, за да има новата влада време да се спреми за зимата 2023 година, посочи тој.

За организираниот криминал и корупција јасно им е на сите дека цвета и таму ден побрзо, час поскоро мора да се внесуваат мерки, дециден е Николоски.

На прашањето ако се одржат избори на 15 април, тогаш од први јануари 2023 година треба да има техничка влада, Николоски истакна дека со оглед на тоа што сега е месец ноември има доволно време да се завршат сите потребни процедури за најдоцна на пролет да се одржат изборите.

Точно, затоа ние велиме најдоцна на пролет и затоа ние излеговме со ова барање вчера официјално како одлука на Централниот комитет на партијата, како највисоко тело, ноември сме имаме време да се заврши целата процедура, кажа тој.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top