На прво место

Антимакедонските, антисториски и антиуставни “обврски” на марионетската влада Заев/Ковачевски не се обврска на Македонскиот народ и на државата

1svg9

1svg9 СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ГЛАСАЊЕТО ЗА ВПИШУВАЊЕ НА СОФИСКИ ВРХОВИСТИ И КОЛАБОРАЦИОНИСТИ КАКО “ЕТНИЧКИ БУГАРИ” ВО УСТАВОТ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА Е ВО СПРОТИВНОСТ СО РЕФЕРЕНДУМИТЕ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 И 30 СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА, КАКО И СО МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС за антимакедонска, антиисториска и антиуставна ја смета изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за порталот Прес24 дека: “Гласањето против уставните измени, значи игнорирање на обврските кои ги презела државата и со тоа, по завршувањето на скринингот, буквално по автоматизам ќе бидат блокирани преговорите.”

Антимакедонските, антисториски и антиуставни “обврски” на марионетската влада Заев/Ковачевски не се обврска на Македонскиот народ и на државата Македонија!

СМК смета дека тоа што марионетската влада Заев/Ковачевски превзела обврски во спротивност со одлуките на референдумите од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, суспендирајќи ја слободно изразената волја на народот односно граѓаните, не е демократија, туку најтешко кривично дело велепредавството, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!

СМК повторува дека гласањето за внесување на софиски врховисти и колаборационисти како “етнички Бугари” во Уставот на државата Македонија претставува суспензија на одлуката на референдумот од 8 септември 1991 година и одлуката на референдумот од 30 септември 2018 година.

СМК потсетува дека речиси четири петини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија” бе додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

СМК потсетува дека речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година НЕ ГЛАСАА ” за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот Димитров-Коѕиас” од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК повторува дека гласањето за внесување на софиски врховисти и колаборационисти како “етнички Бугари” во Уставот на државата Македонија е во спротивност со основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост” што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави, и реципроцитет во меѓусебните односи!

СМК смета дека Бугарија грубо се меша во внатрешните работи на државата Македонија, отворено изразува територијални претензии и не ги признава името, јазикот, културата, црквата, историјата и територијата, идентитетот, континуитетот, наследството и просторот на Македонскиот народ кој е мнозински народ во државата Македонија и носител на државноста на Македонија!

“Етнички Бугари” во Албанија, Косово и Македонија НЕМА!

Впишувањето на софиски врховисти и колаборационисти како “етнички Бугари” во Уставот на државата Македонија го менува карактерот на народно-ослободителната и антифашистичка борба на Македонскиот народ за време на Втората светска војна, ја менува историјата на Македонскиот народ чие име е нераскинливо поврзано со името на државата Македонија!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат впишување на софиски врховисти и колаборационисти како “етнички Бугари” во Уставот на државата Македонија!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладината заедничка македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат заедничко македонско-бугарско чествување на значајни датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, предлагаат историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност” што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави, и реципроцитет во меѓусебните односи!

СМК повторно укажува дека Македонското прашање не е малцинско прашање, и министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, поради конфликт на интереси, не може да ги решава македонско-бугарските односи, ниту да чествува датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија која не признава Македонски народ и држава!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top