На прво место

60% од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока

1zas1

1zas1

Панова: Според анкетата на ИРИ, околу 60% од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, уште еден доказ дека власта е неспособна

„Она кое што всушност ја кажува ситуацијата на државата и тоа колку народот е незадоволен од работењето на оваа Влада е всушност во анкета на ИРИ прикажано во прашањето – „Дали сметате дека Република Македонија оди во вистинска насока“ и 58% од испитаниците кажуваат дека НЕ оди во вистинска насока. Тука спаѓаат и оние кои што се определиле и за ДУИ, за СДСМ, и за другите албански партии, за Левица и за ВМРО-ДПМНЕ. Значи буквално сите, односно околу 60% од испитаниците кажуваат дека државата не оди во вистинска насока“, истакна Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Панова додаде дека според анкета на ИРИ, граѓаните во Македонија укажуваат дека има високи цени на производи, слаб стандард за живот, и економската ситуација е доста влошена.

„А, секојдневно ги слушате членовите и претставниците на Владата како се фалат дека добро се справиле со енергетската, економската, па дури и наназад КОВИД кризата. Но истражувањето на ИРИ покажува дека власта има погрешна перцепција, едноставно не знаат што работат, едноставно се неспособни за справување со кризите. Околу 60% од испитаниците сметаат дека се сиромашни“, укажа Панова.

Таа во текот на емисијата дури укажа дека Извештаите за работата на обвинителството не се разгледуваат во Собранието.

„Денеска имаме закажано комисија на која што има осум точки, и на кој што прв ќе биде Љубомир Јовевски. Се надевам дека ќе се одважи да дојде, заради тоа што ние долго време го очекуваме во Собранието, дури кога беше кандидат за уставен судија, истиот не се појави. Значи за Советот на јавни обвинители, две години немаме разгледано Извештај за нивна работа. И затоа често кажуваме дека причинители на високиот степен на корупција, и на слаба доверба во институциите, па и на судството е немањето на контрола на Собранието како највисока законодавна власт. Односно Собранието нема никаков надзор над работата над извршната власт, па ни на судската власт“, истакна Панова.

Панова додаде дека самото неразгледување на Извештаите укажува дека всушност Владата се грижи обвинителот Љубомир Јовевски да биде затскриен и да не биде на удар пратениците или да не биде на удар на јавноста.

„Ние знаеме дека тој истиот нема да одговори на прашањата кои што ќе му бидат поставени од страна на пратениците. Меѓутоа нека дојде и нека се соочи од скандалите од десетчасовно читање на материјал кој што беше изработен од страна на пратениците“, рече Панова.

Таа нагласи дека треба да се разгледа што работи исто така Судскиот совет и членовите на истиот тој совет. Треба да се увиди што работи новата претседателка, и што сработела и претходната.

„Извештајот за 2021 година на народниот правобранител исто така не е разгледан“, укажува таа.

Панова рече дека Стратегијата како Македонија се справува со корупцијата од изминатата година исто така не е разгледана.

„И сето тоа кажува дека всушност тоа е еден од факторите кои што и те како влијае врз слабата доверба на граѓаните во институциите, а за тоа допринесуваат самите институции како што е Собранието кое што еве својата надзорна улога не ја одиграло како што треба. Односно ги затскрива причинителите на најголемите проблеми како што рековме во судството“, појасни Панова.

Таа посочи дека сите носители на овие институции не се повикани од страна на претседателката на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието.

„Тие воопшто не се повикани. Ние ги имаме примено Извештаите и истите се на сајтот на Собранието. Но, за жал не се разгледуваат на седница. И не се разгледуваат заради тоа што ние ќе поставуваме прашања, тоа ќе биде тема број еден во државата. Ќе го прашаме и Јовевски зошто не отворил истрага досега за скандалите кои што ги имаше со премиерот на пример за „Пиксел груп“. Ќе прашаме зошто за 140 функционери не поднеле Анкетен лист и никој не поднел никаква постапка. Ќе прашаме и зошто имаме дуплирање на функции и зошто државата не реагирала за тоа. Тука се и набавките за електрична енергија, за кои истите гледаме дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно објавува одредени скандали ама обвинителството не реагира. Поднесуваме пријави до обвинителството, но обвинителството во моментов не реагира било тоа да е за пасошите, за Онишченко, за Роко за кој што слушнавме од соседна држава дека земал по 30.000 евра за изработка на пасоши или за државјанство во Република Македонија итн.“, истакна Панова.

Таа укажа дека слабата доверба на граѓаните во судските органи е оправдана.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top