На прво место

Даме Груев (Дамјан Груев, Дамјан Јованов – Даме)

Даме Груев - Македонски револуционер

На 19 јануари 1871 – Во селото Смилево, Демирхисарско, роден е Даме Груев, еден од великаните на националното ослободително движење на македонскиот народ кон крајот на 20. век, револуционер, учител, идеолог и еден од организаторите и основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Загина во борба против османлиската војска на врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, на 23 декември 1906 година. Селаните од Русиново го закопаа мртвото тело на Даме во дворот на црквата во селото, а подоцна му ги пренесоа останките во родното Смилево.

…”Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза – политичка слобода – делува многу привлечно кај народот.”…- изјава од Даме за односот на туѓите непријателски пропаганди кон Македонија, во весникот Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905 .

Даме Груев - Македонски револуционер

Даме Груев – Македонски револуционер

(Смилево, 19 јануари, 1871 – Русиново, 23 декември, 1906)- Македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО и најценетите и највлијателните негови раководители, заедно со Гоце Делчев.

Груев е роден 1871 г. во Смилево (Демирхисарско). Според некои имал мијачко потекло од селото Селци. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното место – селото Смилево, демирхисарско, до четврти клас учи во Битола а потоа во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во јануари 1888 година, во една група од 19 души меѓу кои и Петар Поп Арсов, привлечен од српската пропаганда, заминува да учи во Белград бесплатно на сметка на Друштвото „Св. Сава“. Таму, завршува гимназија и пак на сметка на „Св. Сава“ се запишува во Великата Школа. Во 1891 исклучен од школата го напушта Белград. Се запишува историја на Вишото училиште во Софија, но во 1891 година и оттаму е исклучен. Во Софија со неколкумна сомисленици од кругот околу „Лоза“ создаваат „Дружба“ со цел да бараат примена член 23 од Берлинскиот договор.

Од 1891 до 1893 година бил егзархиски учител во селото Смилево и во Прилеп.

Од летото 1894 година започнал да ги формира првите револуционерни комитети на Македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил егзархиски учител во Штип и инспектор во солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ.

По убиството на министерот за финансии Христо Белчев, Даме и некои од неговите другари биле уапсени како осомничени. Во април 1891 година заминува за Македонија. Поднесол молба да биде назначен за егзархиски учител во Битола, но молбата му е одбиена. Назначен е за егзархиски учител во Смилево. Следната година учителствува во Прилеп, а летото на 1893 заминува во Солун, каде работи како коректор во печатницата на Коста Самарџиев.

Даме е иницијаторот за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун. Избран е секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создаена “по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето… по примерот на Ботев, Левски, Бенковски”. Од основањето на Тајната Македонска Револуционерна Организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува Македонија во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на Уставот.

Централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.

Статија на NYT (Њујорк Тајмс) за Македонија и Македонците

Чикаго 6 декември 1903

Во 1894-1895 г. назначен е за егзархиски учител во Штип, каде учителствува заедно со Гоце Делчев и Туше Делииванов. Од 1895 година се враќа во Солун, како училишен инспектор каде се активира и во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Во 1897 – 1898 е интерниран од Солун во Битола каде развива голема дејност за закрепнување на револуционерните комитети, за формирање на нови комитети и привлекување на нови соборци, а на 6 август 1900 година е уапсен и осуден на 10 години затвор, затворен во битолскиот затвор, поради таканаречената Попставрева афера.
И од битолскиот затвор Даме раководи со делото, посебно со Битолскиот вилает. На 29 мај 1902 г. од затворот во Битола е испратен во Подрум кале. Тука затворските казни ги издржуваат Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Иван Хаџи Николов и други. Амнестиран е пролетта 1903 г.

На Смилевскиот конгрес во почетокот на мај 1903 година Даме, Атанас Лозанчев и Борис Сарафов се избрани за членови на Главниот штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ на кој конгрес е донесена и официјализирана нова стратегија и тактика на востанието. Учествува во донесувањето на одлуката за датумот на кревање на востанието. Тој бил најмногу задолжен за бранење на Смилевското подрачје. Заедно со Ѓорги Сугаре ја раководат одбраната на Смилево. На 14 август одбраната на Смилево е пробиена и востаниците биле принудени да се повлечат по високите места на Бигла планина. Во востанието и по него заедно со народот ги споделува последиците од него.

Даме Груев убиен во 1906-та година

На 9 септември 1903 година Даме и Борис Сарафов во името на Генералниот Штаб испраќаат писмо до бугарската влада со повик за помош од Бугарија. При крајот на 1904 година Даме е заробен од србоманскиот војвода Глигор Соколовиќ – Љамето но, Пере Тошев му се заканува на персоналот на српското дипломатско претставништво во Софија и Даме е ослободен.

На Рилскиот конгрес (октомври 1905) избран е за претседател на ЦК. По заминувањето за Софија тој се разочарал од состојбите кои се случувале во Организацијата. Според спомените на Дамјан Наумов, по напуштањето на Софија, Даме Груев извикал:„Си одам разочаран, не се враќам повеќе овде“ . И навистина, на 23 декември 1906 година, заедно со со своите верни другари Сандо Китанов, Георги Карчев херојски загинува на врвот Петлец над селото Русиново. Коските на тројцата храбри борци биле погребани во еден гроб во дворот на Русиновската црква. Селаните од Русиново го закопаа мртвото тело на Даме во дворот на црквата во селото, а подоцна му ги пренесоа останките во родното Смилево.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top