На прво место

Свети Василиј, Христијанскиот мислител, се борел против мутанти од елинскиот паганизам

1stara-nova-godina

1stara-nov

Светителот Василиј Велики е христијански теолог кој се бори против паганските верувања во елинските колонии и против раните византиски анти-христијанските толкувања за човекот и светот. Неговите учења се содржани во бројни писма, говори, трактати и книги од теологија, црковно канонско право, монаштво, морални вредности и добродетелства. Мудрецот од 4-ти век, Василиј Велики (329-379) е роден во Кападокија, Турција, прататковина на моќните Хитити, а потоа „колевка на Христијанството“ надвор од eврејските територии во I и II век. И тогаш Римската империја и елински населби-колонии, држеле окупирани територии во Мала Азија и ги прогонувале христијаните. Таа сурова опозиција ја доживеал и моќниот, а благочестив Василиј.

Отпорот на паганите и рано-христијанските еретици, Аријан од Александрија, елинските следбеници на Аполон, Аполион, уништувачот (еврејски абадон, и мноштво други секти) траело и по 313-та година кога римскиот император Константин го прогласил Христијанството за официјална религија. Најраните Православни следбеници на свети Василиј, го продолжиле патот на апостолот Павле – од Македонија до светот. Денес Св. Василиј го слават и римо-католичката, англиканската и протестантските цркви.                                                              

Во Кападокија делувала во I век и се криела од анти-христијанскиот грчко-римски прогон и Марија Богородица. Светата мајка на Бог Исус Христос починала во Кападокија. Во родната Кападокија се криел од грчко-римскиот прогон и најсестрано образованиот рано христијански лидер, и подоцна епискот, Василиј. Тој ги имал изучено, но не ги прифатил хипотезите  на Атинската школа и нејзините паганско-хибридни толкувања на духовната и профаната историја на светот. Историчарите во светителот Василиј гледале реторичар и мислител посилен и од анти-македонецот Демостен, и од Палатон.

Не од страв туку од мудрост, Васил се повлекол во аскетизам, да ги преиспитува, споредува и корегира мешано христијанските учења на Атина и нејзината неинклузивна култура, апсолутистичка ксенофобија и продолжена безусловна диктатура на панхеленски идентитет и јазик. Василиј бил сведок како анти-христијанските учења сеуште дифузирале тоталитарно наметнувани од Атина низ територии кои елинските пиратски племиња ги имале колонизирано и ограбувано векови пред тоа, и од кои ја присвојувале нивната грандиозна пред-елинска архитектура, уметност, филозофија, медицина, астрономија, математика: Средоземните крајбрежја, Блискиот Исток, Месопотамија, Израел, Египет.

Василиј посетувал и проучувал бројни центри на образование и специјализација во своите теолошки поготовки за основање на институционално монаштво во рано-христијанската Православна црква – Константинопол, Египет, Ерусалим. Една од најжестоките опозиции светецот Василиј ја доживува од хипокритот и еретик, историчарот и хроничар Евзебиј. Се’ до својата смрт во 370 година, нововерниот епископ Евзебиј го критикувал и дисквалификувал најмудриот теолог на своето време, аскетот Василиј. Прогонуван од Евзебиј и неговите црковни политиколози, Василиј се повлекол на својот фамилијарен имот во родното место Анесија, да гради нови духовни и световни подвизи. По смртта на Евзебиј, Василиј сепак бил избран за негов наследник, епископ на Римската провинција Цезарија, со седиште во денешен Кајзери, Анадолија, Турција, 120 км јужно од Анкара. Воспитанието и првата наобразба на моралниот, духовен и интелектуален гигант Василиј отпочнале во неговата фамилија. Неговата мајка родила 9 деца од кои 5 постанале православни христијански светци:  Василиј Велики, Григориј, епископ Ниски, Петар, епископ Севастијски, Макрина и Теозвија. Во својата старост и Емилија изградила манастир каде живела са својом ќерка Макрина.

Во процесот на школување и пракса, кариерата на Василиј вклучува спротивставување на елинските предхристијански влијанијата. Со разумни и етички докази ја застапува духовната потреба да се верува во доблести и да се прават добродетелства. Пишува и говори за моќта на простувањето, покајанието и милозливоста, за добрината како врвен човеков морален квалификатив, за творечкиот гениј на човекот создаден од вечниот Бог и Божјиот идентитет на земјата имперсониран во Исус Христос, за пороците како причино-последична појава на антагонистот, уништувачот на доблеста, лажниот носител на светлината, господарот на темното подземје, де(кон)структивниот Аполион. Светиот Василиј прорекува дека силата на пороците која непрекинато никнува преку злото на неверните во Богот на Вселената, ќе добие страотна доминација во иднината, кога доблестите ќе биваат брутално исмевани и бестијално уништувани.

Светецот Василиј Велики верува дека вечноста на човековата душа после земната смрт е предодредена од духовната сила и чистината на верата. Со духовна супериорност Василиј се судира со секуларниот наспротив сакралниот живот и свет, посветен на Бог кој е љубов и правда, и на правдољубивите верници. Зборува и пишува за моќта на позитивните закони во природата дадени од Бог преку светиот дух, да ја усовршуваат силна и светла вера. Неговите духовни пораки се вклучени во капиталните литургии на Православната црковна служба: пред Божиќ, Стара Нова година, Велики Четврток и Велика Сабота.   

Св. Василиј не бил гневен полемичар, идеолог или пропагатор на верата, туку благороден  водач на духовното образование во црката, добротвор за сиромашните, градител на болници, старечки домови и училишта, После пет века во Македонија се родиле македонските и сесловенски просветители, светите Кирил и Методиј, Климент, Наум, Горазд, Ангелариј.  Тие ги покрстувале со духовни вредности и бугарските татаро-монголски племиња кои ја нападнале и опустошувале Македонија. До тогаш бугарските oрди верувале во силите на Тангра политеизмот, а јазикот им бил Котан Сака, мешавина од азиски говори.

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top