На прво место

Да го зачуваме нашиот македонски јазик и будно да се грижиме за неговото постоење и иднина

1zugi1

1zugi1

„Пред 23 години „УНЕСКО“ го прогласи 21 февруари за ден на мајчиниот јазик, ден на лингвистичката култура, разновидност и повеќе јазичност и бидејќи јазикот е од исклучително значење за сите народи во светот. Одбележувајќи го денот се потсетуваме на нашата обврска да го зачуваме наследството на мајчиниот јазик и будно да се грижиме за неговото постоење во иднина“, рече Јелена Жугиќ претседателката на Градскиот Комитет ВМРО-ДПМНЕ од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“

Таа посочи дека секако дека мора да има доминантна култура која ќе ја фаворизира лингивстичка различност и ќе креира и промовира програми за едукација за различни јазици и култури но заштитата на секој јазик поединечно иако навидум е голема бариера е од суштинско значење да се сочува светот со сета своја убавина на различност.

„Македонскиот и мајчиниот јазик е многу повеќе од поле за истражување од страна на експертите тој е срцето на целиот социјален економски и културен живот „УНЕСКО“ секоја година на овој ден 21 февруари ги повикува Владите нациите, граѓанските здруженија образовните институции и сите други здруженија да придонесат за почитување промоција и заштита на сите јазици со посебен акцент на оние кои им се заканува исчезнување. Наша примарна задача е да го заштитиме јазикот“, вели Жугиќ.

На трибината свое обраќање имаше и Претседателката на Централната комисија за образование и наука при ВМРОД-ДПМНЕ Весна Јаневска. Таа истакна дека мајчиниот јазик не е само јазик за комуникација со луѓето, туку мајчиниот јазик е само архитект на она што еден народ го носи во себе на културата, традицијата, историјата и на светогледот на еден народ на она како тој го гледа и доживува светот на неговите идеи и мечтаења.

1zugi12

„Мајчиниот јазик не е само јазикот со кој детето се среќава прв пат во своето семејство и со кој расте. Мајчиниот јазик не е само првиот јазик, мајчиниот јазик всушност го сочинуваат звуците и вибрациите кои детето ги чувствува во мајчината утроба па затоа него не го распознаваме само со умот туку него го чувствуваме во срцето и него го чувствуваме со целото тело и со целиот наш животен развој и напредок“, рече Јаневска.

Таа истакна дека фактот за можното губењето и исчезнувањето  на еден јазик го знаат многу луѓе, а не само ние и го знаат и нашите соседи и не за џабе со години наназад а во последните години малце поинтензивно токму јазикот е целта на нашите соседи кои би сакале заедно со нашиот јазик да исчезне нашата култура, идентитет , историја традиција и обичаи се она што е наше.

На трибината обраќање свое имаше и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска каде истакна дека јазикот ни пружил можност да ја прелистуваме историјата, и денес кога пред нас се прелистуваат страниците од минатото токму од јазикот ја црпиме сета моќ која ја употребуваме за да ја продолжиме историјата. и да опстоиме низ вековите. Тука е сочуван доказот и печатот за тоа кој сме, од каде доаѓаме, и кон што треба да се стремиме“, заклучи Пешевска.

1zugi13

„Чест ми е на овој голем ден, на Денот на мајчиниот јазик да ви се обратам токму од Ѓорче Петров. Секој народ има свој сопствен јазик, свет инструмент за комуникација помеѓу луѓето. На сите ни е јасно дека народот кој говори со сопствениот јазик и со него го управува своето практично дејствување, секогаш ќе биде стабилен и бериќетен. Од јазикот што ни го оставиле од дамнина добиваме моќ да ја осознаеме животната вистина, душата на човештвото, историјата. јазикот е коренот, душата на нашиот народ и затоа не смееме да дозволиме да се измени и уништи“, истакна Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Пешевска додаде дека јазикот е првата духовна храна и со милост кон него се останува верно кон прадедовците. Сопствените чувства најдобро се изразуваат на сопствениот јазик. Македонските учебникари уште многу одамна го знаеле тоа и од таму ја црпеле силата да се борат за неговото зачувување.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top