На прво место

КАКО ДА СЕ ПРОСТИ За Прочка и секогаш

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Како, кога ти сакаш да им простиш, а тие чинат се’ за да не постоиш.

Небото, Сезнајната, Сеприсутна моќ, Господарот на вселената, со својата Љубов му простува на човекот, но, немилосрдниот бунтовник, непокајниот непријател, продолжува да го чини спротивното, да уништува. Преку своите космички, духовни и физички закони, Природата на Бог, им простува на своите создадени, ги помирува со Мир и Мудрост, но одметникот, и од внатре и од надвор чини чинки – телата и делата Божји да не постојат.

Простувањето не е по наредба, ниту по слободен избор. Простуваш за рамнотежа на законитоста, за и на тебе да ти биде простено, од Природата, од Бог.

Ако во твоето барање прошка, во твоето извинување – нема жал, ако твојата совест нема каење, како ќе му се извиниш на другиот, како ќе бараш тој да ти прости, како ќе ти верува дека нема и понатаму да грешиш, кон него, кон другите, кон самиот себе?

Ако не сакаш да им простиш на другите, и кога тие ги признаваат своите грешки кон тебе, ти си тој што ги прекршуваш законите на духовната и физичката правда, праведност. Не одбивај ја понудената, и побараната прошка. Простувај несебично, со чисто срце, за твојата свест и совест и верба во доброто да биде обновена, за да се постигнува прочистување на екологијата на душата. За да се обнови во тебе животот спрема човечните закони поставени од вселената, за да ја почувствуваш возвишената Љубов од твојот Создавач, и со неа да растеш во својата човечност.

Како да им простиме на грабливите луѓе-птици-пци грабливци кои незаситно кинат од се’ што ни е дадено од Природата, та нашите деца да гинат без своите внатрешни и надворешни органи на постоење, без право да имаме јазик, душа, ум, тело и дело свое?

Како да им простиме на гробарите што ни’ копаат гроб живи и без трага да не’ поклопат, кога нивната подземна расипаност и подивена гордост немаат ни жал ни срам пред светот да признаат дека нас невини не’ осудуваат на уништување со секој недозволен метод?

Како да им простиме на завидливите, тие вековни борби водат против нашиот ген, и не се помирија со разликите во нашата чесна добрина и чиста жртвеност посветени на правдата, иако сме од ист корен сплетени во живот на планетата? Тие подлост, ние невиност!?

Како да им простиме за нивната бесрамна, незаконска страст да слават кога го лажат светот дека сме нивна своина, да ја силуваат нашата духовна убавина, нашите природни богатства, нашите деца и старци, нашите најспособни за напредок? 

Како да им простиме на лажните трговци со демократија, кога тие, со маката и трудот на вредниот народ купуваат „простувања на гревот“ од странски страни, и од домашни небрани зелени, а црвени и црни зеленаши, а нас не’ плашат со светски закани-закони?

Како да им простиме на гневот против нашето право да се браниме од нивното исконско и историско зло, кога тие се жалат кај проститутките, за тие да донеле современа правда и мир, а нас да не’ силувале додека да заборавиме кои сме, зошто сме, до каде да издржиме?

Како да им простиме за целосното и масовно убиство на Македонците, на нашето здраво семе никнувано на нашата сеуште незагадена почва, кога тие, пост-хумани пост-верници не веруваат во казнување на злото, зашто за нив не постои, не важи законот за доброто?

Господе, помогни ни’ да си помогнеме, да се браниме од нив, безмилосните противници кои не сакаат да знаат за простување ни на Прочка ни било кој Божји ден. А нивна ноќ пали црни кристали, црвени карневали и бели Лаги во време на Лажниот Принц на Мирот.       

Прости им, Боже, не знаат што прават. Но, крајно време е ние да знаеме што да направиме.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top