На прво место

Манојил Мане Јаковлески:Барам демант и извинување од емисијата Во Центар и од Томо Аврамски

Mane_6

1Mane1 Манојил Мане Јаковлески

Манојил Мане Јаковлески:Барам демант и извинување од емисијата Во Центар и од Томо Аврамски

Во интервју дадено во емисијата „Во Центар“ од Васко Ефтов емитувана на YouTube, Томо Аврамски од Берово, кум на Аркан изјави дека Јас и почитуваниот Професор Жан Митрев сме барале од него да ни обезбеди човек да го елиминира Љубчо Георгиевски.

Томо Аврамски како што самиот се претставува, поранешен припадник на француската легија на странци, поранешен сопственик на весникот „Сведок“ кум на Жељко Ражнатовиќ-Аркан, во интервјуто дадено на YouTube ќе изјави дека Јас, Манојил-Мане Јаковлески и Жан Митрев сме барале од него да ни обезбеди човек кој ќе го елиминирал Љубчо Георгиевски.

Томо Аврамски прв пат во мојот живот го сретнав во нашиот фамилијарен Ресторан Ново Скопје во Берлин-Германија кога дојде со неговите пријатели од кланот на Аркан и вербално ме нападнаа.

Наредниот ден рано наутро во Ресторанот Ново Скопје во Берлин, дојде Томо Аврамски сам и ми се извини за инцидентот од предходниот ден.

Ваквите клевети сметам дека имаат политичка позадина, со цел не по прв пат, да се наруши мојот углед како еден од Основачите на ВМРО ДПМНЕ и главен уредник на порталот „Македонска нација”.

Поранешниот премиер на Македонија и Претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во интервју дадено во емисијата „Во Центар“ на YouTube, како што вели на свое барање кај новинарот Васко Ефтов, објавено кон крајот на јануари 2023 година, повикувајќи се на тврдењата од Томо Аврамски, ќе изјави дека јас Манојил-Мане Јаковлески и Жан Митрев сме подготвувале атентат врз него.

Љубчо Георгиевски кон крајот на интервјуто вели дека на србофилот Томо Аврамски, кој веројатно нема ни основно образование, не може многу да му се верува, тој сепак ја користи емисијата, без конкретни докази и само на тврдењата на Томо Аврамски да ги изнесе неговите лаги со кои се нанесува штета на мојот углед и чест.

Ја користам оваа прилика да го потсетам Љубчо Георгиевски ако заборавил: од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ на 17.06.1990 година до неговото устоличување на премиерската фотеља, скоро сите патувања, престојот во Берлин и низ многу градови од Европа беа организирани од мене и во мое присуство.

Сите негови патувања приватни или партиски беа организирани и финансирани од мене и од верните членови на Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа, Австралија, Канада и Америка, и да сум имал таква намера да го „ликвидирам“ како што тврди Томо Аврамски не сум имал потреба  да барам помош од Томо Аврамски.

Врз основа на изнесените невистини од Томо Аврамски можам да изјавам дека: Ниту Јас, ниту почитуваниот Професор Жан Митрев не сме барале човек од Томо Аврамски да го „елиминира-убие“ Љубчо Георгиевски.

Заради навреда и тешка клевета кон мене барам: Томо Аврамски и Во Центар јавно да се извинат за изнесените лаги или да достават доказ дека сум барал човек од него да го „ликвидира-убие“ Љубчо Георгиевски.

Доколку Томо Аврамски не се извини, правдата ќе ја барам на суд поради навреда и тешка клевета.

Манојил-Мане Јаковлески

Гостивар, 23.03.2023 г

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top