На прво место

Митева: Филипче не може барањето за правда да го претставува како закана

Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби не може барањето за одговорност да го претставува како политичка закана, порача Марија

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, во гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24, се осврна на случувањата на собраниската седница за пратенички прашања.

Митева посочи дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговорил на прашање поставено од пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче, во однос на тоа дали се чувствува виновен за одредени политики.

Според неа, премиерот јасно и децидно кажал дека се чувствува виновен за тоа што луѓе како Филипче и неговиот претходник Зоран Заев, за кои, како што рече, во јавноста се поврзувале голем број криминални афери, сè уште се на слобода.

„Ако убаво се слушне прашањето коешто беше поставено од страна на пратеникот, одговорот беше многу соодветно даден и во детали. Така што не можам да се согласам дека станува збор за било каква закана. Таа говорница таму има за цел да ги спротивстави аргументите и мислам дека кога аргументите не се допаѓаат, не треба да ги квалификуваме како закана, ветување или на кој било друг начин“, истакна Митева.

Таа додаде дека барањето за правда не може да се толкува како закана, особено кога, како што рече, прашањата ги поставува Венко Филипче, човек кој зад себе има голем број скандали, афери и криминални состојби.

„Ако прашањето беше дали се чувствувате виновен, премиерот одговори за што се чувствува виновен. За тоа што луѓето кои денес поставуваат прашања и зборуваат за наводни негативни конотации се истите оние кои изминативе седум години придонесоа многу од тие состојби да бидат наследени. Денес оваа Влада, предводена од Христијан Мицкоски, треба да наоѓа решенија како тие состојби да ги поправи и подобри, со цел да се даде правилна насока во движењето на државата“, рече Митева.

Според неа, за човек кој зад себе има сериозни скандали и криминални состојби презентирани во јавноста, барањето за правда не може да биде закана.

„Не сметам дека за човек којшто зад себе и за своето име има огромни скандали и огромни криминални состојби коишто беа презентирани во јавноста, барањето за правда може да биде било каква закана“, нагласи Митева.

Во однос на состојбите во правосудството, Митева потенцираше дека барањето за правда е од суштинско значење и дека таа треба да важи подеднакво за сите, а не селективно.

„Сметам дека изјавите на премиерот, коишто одат во насока на обелоденување на состојбите во правосудството, детектирање на слабостите, непостапувањето и немањето одговорност кај сите оние поранешни функционери кои навистина се огрешија пред законот, се суштински важни. Барањето правда, кое не само ние, туку и сите граѓани го очекуваат, не треба да се толкува на еден или на друг начин, со што се избегнува суштината на клучното прашање“, рече Митева.

Таа нагласи дека суштинското прашање е дали правдата треба да важи селективно или подеднакво за сите.

„Можеме да навлегуваме во толкувања дали нешто било соодветно или несоодветно, дали најавата од собраниската говорница била закана или не, но суштината на прашањето е дали за случаите од минатото има одговорност за оние кои денес од говорница собираат храброст да зборуваат и да даваат оценки“, истакна Митева.

На крајот, таа порача дека најголемата оценка за политиките во државата ја даваат граѓаните.

„Јас можам со сигурност да ви кажам дека најголемата оценка во државата за политиките и за она што се случува ја даваат граѓаните. Нивната оценка се виде, а јас сум сигурна дека оценката ќе ја види и оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски на идните избори“, заклучи Митева.

Најново од: На прво место

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Венко Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние што со години имаа политичка и институционална моќ, денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз друг. Наместо да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по повеќе од 400 извештаи што укажувале на […]

Македонски историски календар – 11 август

На 11 август се навраќаме на повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè води од борбата за автономна Македонија во XIX век, преку Илинденското востание и трагичната судбина на македонските револуционери, до усвојувањето на државните симболи на независна Република Македонија. Историското паметење не ги познава границите наметнати врз Македонија. Затоа календарот […]

Оправдани се барањата на струмичките земјоделци откупната цена на ајварката да биде над 50 денари

Ова прашање не смее да се претвори само во уште една партиска прес-конференција. Ако СДС навистина сака да им помогне на струмичките производители, тогаш треба јавно да ги повика и големите преработувачи и откупувачи од регионот да кажат по која цена откупуваат и како ја формираат таа цена. Меѓу познатите компании во овој сектор е […]

Љуботенски Бачила – рана што Македонија не ја заборава

На 10 август 2001 година, во екот на воениот конфликт во Република Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила животите ги положија осум припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија. Нивното загинување остана запишано како еден од најтрагичните настани во поновата македонска историја и траен потсетник на жртвата принесена во одбраната на државата. Во утринските […]

Зошто на бришачите на шахти, им пречат симболите на независноста и македонското знаме?

Настанот „Силно светнал ден“, организиран по повод 35 години од независноста, испрати порака на заедништво, национална самодоверба и почит кон македонската државност. Граѓаните ја препознаа таа порака, додека Венко Филипче и неколкумината околу него повторно се обидуваат да оцрнат проект што ги истакнува македонската историја и национална самобитност. Тоа веќе не изненадува. Станува збор за […]

Букурешкиот договор – поделба на Македонија без гласот на Македонците

На 10 август 1913 година, по Втората балканска војна, без гласот на Македонците и без нивни претставници на преговарачката маса, во Букурешт била исцртана новата политичка карта на Балканот. Букурешкиот договор претставува еден од најтешките настани во поновата македонска историја. Со него Македонија била поделена меѓу соседните балкански држави, а македонскиот народ бил целосно исклучен […]

Македонски историски календар: 10 август

Десетти август е еден од најтешките, но и најзначајните датуми во македонскиот историски календар. На овој ден загинал легендарниот илинденски војвода Јордан Пиперката, бил потпишан Букурешкиот мировен договор со кој била запечатена поделбата на Македонија, а во 1946 година биле донесени одлуки за признавање на македонскиот народ и за културна автономија во Пиринскиот дел на […]

Македонски историски календар – 9 август

На 9 август се одбележуваат личности и настани што оставиле длабока трага во македонската духовност, државност и народна култура. 916 – Се упокоил свети Климент Охридски Во Охрид се упокоил свети Климент Охридски, еден од најзначајните ученици на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа и патрон на Македонската православна црква. Како просветител, […]

To top