На прво место

СРЕДБА НА ДВАЈЦАТА АВТОРИ НА ПРЕАМБУЛАТА НА ЛЕТОНСКИОТ УСТАВ

1Goce 1 3

1Goce 1 3

СРЕДБА НА ДВАЈЦАТА АВТОРИ НА ПРЕАМБУЛАТА НА ЛЕТОНСКИОТ УСТАВ

                                            Рига, Летонија 20 април 2023

Денеска во претседателската палата во Рига, македонскиот краснописец и професор по    христијанска палеографија Георги Гоце Дуртаноски имаше прием кај летонскиот претседател Егилс Левиц при што му беше предадена краснописна верзија од Преамбулата на летонскиот Устав за претседателскиот кабинет по повод прогласувањето на 2023 гоидна како година на ливонскиот јазик и култура како и 100-годишнината од усвојувањето на првиот Устав на Летонија.  

1Goce 1 1

Имено, ова беше средба на меѓу двајцата автори на Преамбулата бидејќи претседателот Левиц е автор на актуелната верзија на летонскиот устав, а Дуртаноски го изработи калиграфскиот транскрипт за првпат во историјата на летонската држава бидејќи досега се познати (постојат) само печатени верзии.

„Во оваа уметничка креација се наоѓа целата колективна меморија и вековниот стремеж на летонскиот народ за државност„ – истакна Дуртаноски во инаугуративниот говор и додаде дека конечно краснописно/рачно напишаната Преамбула стигна таму каде е нејзиниот дом- во кабинетот на претседателот на Летонија. 

„Со големо воодушевување го примам овој уникатен подарок кој од денеска натаму ќе биде дел од претседателската палата, на мојот кабинет и на било кој претседател во иднина„ – рече претседателот Левиц во поздравното обраќање упатено кон Дуртаноски и подвлече дека „гестот на еден ‘странец‘ да ја напише преамбулата е за почит и важен сегмент за поврзување на народите на европскиот континент.„

1Goce 1 2

Дуртаноски беше придружуван од ректорот на Европската христијанска академија проф.Скаидрите Гутмане која зборуваше за наставните програми на Академијата, меѓународно вмрежување на институции кои ги негуваат христијанските вредности и поголема инволвираност на наставен кадар од други земји со цел обезбедување поквалитетно образование за идните генерации.    

Проф. Георги Гоце Дуртаноски е македонски краснописец и директор на Центарот за ракописни студии при Европската христијанска академија во Рига каде предава неколку предмети по христијанска палеографија и активен лобист за Македонија преку концептот на дипломатија водена од граѓани.  

Што е напишано во Преамбулата на летонскиот Устав?

                                УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ЛЕТОНИЈА ПРЕАМБУЛА

Летонскиот народ, на слободно избраното Уставотворно собрание на 15. февруари 1922 година го усвои следниот државен Устав:

Државата Летонија, прогласена на 18. ноември 1918 година, е формирана со обединување на летонските земји врз основа на непоколебливата желба на летонскиот народ за своја држава и неговото неотуѓиво право на самоопределување и загарантирано право на  постоење и развој на летонската нација, јазик и култура низ вековите, гарантирајќи ги правата и слободите на летонскиот народ и на секој поединец.

Летонскиот народ се избори за своја држава во Ослободителната војна.

Системот на владеење е базиран врз Уставот усвоен на слободно избраното Уставотворно собрание. 

Летонскиот народ не ги признава претходните окупаторски режими на кои им се спротивстави  и ја повраќа својата националната слобода и независност на 4. мај 1990 година  врз претходно прогласениот/основен државен континуитет.

Летонскиот народ ги почитува своите борци за слобода, им оддава почести како жртви на надворешни сили и влијанија и ги осудува тоталитарните комунистички и нацистички режими и нивните злодела. 

Летонија е демократска, социјално одговорна и национална држава основана врз принципите на владеење на правото и почитување на човековите права и слободи;

Ги признава и заштитува основните човекови права и правата на етничките малцинства.

Летонскиот народ ја штити својата сувереност, национална слобода, територијата и територијалиот интегритет и демократскиот систем на владеење на државата Летонија. 

Од древните времиња, идентитетот на Летонија во европскиот културен простор е формиран од летонските и ливонските традиции, летонската народна мудрост, летонскиот јазик и основните цивилизациски човекови и христијански вредности.

Лојалноста кон Летонија и кон летонскиот јазик како единствен службен јазик, слобода, еднаквост, солидарност, правда, чесност, работна етика и семејство се столб на кохезивното/заедничко општествено уредување.

Секој поединец се грижи за себе, за своите роднини и за општото добро на општеството преку своите одговорни дела кон другите поединци и полага свесна грижа за природата и средината и за следните генерации.

Потврдувајќи го својот рамноправен статус во меѓународната заедница, Летонија ги штити своите национални интереси и го промовира одржливиот демократски развој за поширока/поголема обединетост на Европа и светот.

Господи, благослови ја Летонија!

Превод и адаптација од летонски на македонски јазик: Георги Гоце Дуртаноски

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top