На прво место

БУНТ ВО СДС И ПОНУДЕНА ОСТАВКА НА КОВАЧЕВСКИ

1ivo

1ivo903

ЦРИЧКИ I ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 19

1martin1.png

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,Поранешен министер и амбасадор

1. Бурата од антимакедонската политика на Владата на Димитар Ковачевски дознаваме дека денови еруптира во прав вулкан од незадоволство и во неговата партија СДС, што само ја потврдува нервозата која со сигурност веќе прераснува во вистинска хистерија кај нив поради очајниот рејтинг на партијата и неијзиниот (на сила насаден на таа позиција) премиер.

   За набљудувачите е секако многу необична, но интересна новонастанатата ситуација во засега владеачката СДС и нејзиниот претседател и воедно Премиер, Димитар Ковачески Таче, доктор на економски науки по корпоративно право на Универзитетот во Подгорица, а денес лажно се претставува (бесрамник) дека демек докторирал на Харвард. А ситуацијата е следната: според наши извори, од прва рака, Таче да ми ти пресвиткал лист хартија и на неја си напишат дека поднесува оставка на функцијата премиер и му ја однесол оставката на нелегитимниот претседател на Собранието Талат Џафери, познат како командант Флорина од настаните во 2001 година кога командуваше со единица на територистичката ОНА, а му се припишува дека е наводно дирекно е одговорен за масакрот кај селото Вејце кога беа убиени од заседа осум македонски бранитетели). Командантот Флорина, а сега Претседател на Собранието, му ја искинал оставката на Таче и почнал да му се дере – демек кога прифатил да биде премиер што мислел, дека тоа ќе биде играње играчки, и наместо да тера инает со неговите пратеници треба да им покаже разбирање!? Таче и Талат, според нашиот извор, буквално се разбркувале низ кабинетот бидејки Таче повторно сакал да напише оставка за Талат да му ја потпише, ама тоа не се случило. Патем, во кабинетот на Претседателот на Собранието имало и пцуење и навреди!?

   Во СДС му кажале на нивниот претседател Таче дека независно што тој се заканува со оставки тие ставот нема да го сменат (забелешка:  извотот не наведува за кој став станува збор) и најдобро би било тој (Таче) да смени нешто кај него, “бидејки прави огромни грешки и штети на СДС и се е тргнато во амбис со партијата”. Пратениците (на СДС), наводно, не биле поделени, туку сите исто му зборувале, но Таче со неговиот инает не попуштал. Сега, наводно, им бил скаран и не им зборувал.

  Интересни случки се случуваат на Бихаќка.

Очигледно станува збор за внатрепартински  бунт, а останува само времето да покаже, или некој извор одвнатре – од партијата, што конкретно му забележуваат пратениците  од СДС на нивниот – како со кран донесен и насаден на лидерската позиција, Димитар Ковачевски Таче.

  Индикативно е што своевидниот бунт внатре во СДС се случува непосредно после “триумфалната” (барем така Таче се занесува) посета на Димитар Ковачевски, на САД, А и таа посета заслужува посебна анализа. Пред се, дали амбасадата на САД во Скопје му ја организира посетата за да манифестира демек “еве кој стои зад него”, што впрочем сите ние многу добро го знаеме? И Дали мислат дека со средбата со Државниот секретар Блинкен ќе му порасне катастрофалниот рејтинг на Таче!? А можеби цел на посетата е токму криминалниот договор за автопатите што Владата го потпиша со американско-турскиот клонзорциум Бехтел и Енка и мислат на тој начин да се дефокусира гневот на целокупната македонска јавност бидејки е јасно дека креаторите на оваа криминална ујдурма им е цел да ја воведат Македонија во должничко ропство што е уште една, но многу значајна фаза, за разнебитување на македонската нација!!!

  За непознавачите на приликите ова е многу чудна и неприфатлива политика на нашиот небаре стратегиски партнер, но работите се кристално јасни. Автопатиштата што треба да се градат, па нека ги гради конзорциумот Бечел и Енка, зошто да не, по реална цена (барем половина од оној фамозен износ од милијарда и триста милиони долари), и да се разјаснат еден куп непознаници што нениновно ке доведат проектот да чини и над две милијарди долари).

  Би го запрашал јавно Таче: Ало Премиере, свесен ли си во кавква авантура влегуваш и колку зло нанесуваш на сопствениот македонски народ??? Па еден ден Таче ќе се симнеш, или ке те симнат од власт!? И, што потоа? Па ти лично си најодговорен за ова зло што го направи, а за кое ќе треба да одговараш.

2. Нашиов заблуден самобендисан Премиер на турнејата во САД си го понесол и своето синче.

Иако во претходната колумна (Цртички и отровни стрелички 198 го предупредив за злоупотребата на службената должност што ја носеше ќерка му на средба со Папата во Рим) тој продолжува со истата пракса занесен во својата нарцисоидност дека е прв во македонската влада,

   Таче на една прес-конференција беше запрашан од новинар на чија сметка си носи членови од семејството на службени патувања, а тој арогантно возврати, според прилогот објавен во Вечер, дека “неговото семејство не патувало на државна сметка”!?  “На сите приватни патувања на кои патуваат членови на моето семејство никогаш не биле покриени со буџетски средства, патуваат како и сите други и доколку е потребно ќе доставам сметки пред јавноста”

  Е па Таче, еве ти шанса да достравиш сметки за јавноста за патувањето на твојата ќерка во Рим, кај Папата и за визитацијата на твојот син на САД.

Ај да  ги видиме тие сметки сите ние граѓаните. А ако навистина ги доставиш (во што не верувам), јавно ќе ти се извинам во истово гласило каде и те повикувам на одговорност за злоупотреба на позицијата и средства од Буџетот на државата.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top