На прво место

СДС зборува за Европа, а бега од европските реформи

Кога треба да се гласа за законите што ги бараат европските стандарди, СДС исчезнува од Собранието и избира опструкции наместо одговорност.

СДС постојано зборува за европски вредности, реформи и европски пат. Но, кога ќе дојде моментот тие зборови да се претворат во дело, ги нема никаде. Тогаш европските вредности стануваат само празна реторика, а реформите — партиска алатка за дневнополитички пресметки.

Не е проблем ако опозицијата има различно мислење. Во демократија тоа е нормално. Проблемот е што СДС со години се претставува како единствен заштитник на европската агенда, а кога во Собранието треба да се гласа за законски решенија кои се дел од реформскиот процес, одбива да даде поддршка. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година.

Тоа веќе не е опозиција. Тоа е политичка опструкција.

Уште посимптоматично е бегството од работната група за Изборниот законик. Таа работна група не спроведува ничија партиска агенда. Не работи за ВМРО-ДПМНЕ, ниту против СДС. Нејзината задача е да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР — стандарди кои ги бара Европската Унија и стандарди за кои СДС јавно тврди дека ги поддржува.

Но, кога треба да се работи, СДС бега.

Затоа се поставува едноставно прашање: што точно значи европскиот пат за СДС? Дали европските вредности за нив важат само кога се на власт? Дали реформите се добри само кога тие ги предлагаат? Има ли СДС некаква друга европска агенда, различна од онаа што ја бара самата Европска Унија?

Одговорот станува сè појасен. За СДС, Европа е збор што се користи во прес-конференции, но не и обврска што се исполнува во Собрание.

Не е важно дали една партија е на власт или во опозиција. Ако навистина ѝ мисли добро на државата и на граѓаните, таа мора да ги поддржи законите кои се во интерес на Република Македонија. Тоа е минимумот на политичка зрелост. Тоа е минимумот на конструктивност. СДС не го исполнува ниту тој минимум.

Неделава беа дополнети Предлог-законот за судска служба, Предлог-законот за јавнообвинителска служба и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори. Усвоени беа и Предлог-законот за високи раководители, како и Предлог-законот за оружје.

Ова се законски решенија кои се дел од реформскиот пакет и од обврските што Македонија треба да ги испорача. Наместо да даде поддршка за процесите што ги бараат европските стандарди, СДС повторно избира бојкот, блокада и политичко лицемерие.

Македонија и годинава ќе биде прва во регионот затоа што ќе ги испорача обврските, ќе ги донесе законите и ќе ја исполни Реформската агенда. Тоа е разликата меѓу работа и празна реторика. Меѓу одговорност и опструкција. Меѓу вистинска европска агенда и партиски театар.

Доколку СДС продолжи со политиката на здружување со ДУИ и од опозиција се обиде преку блокади да го забавува реформскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата да стане заложник на нивните политички калкулации.

Приоритетот останува јасен: исполнување на реформската агенда, носење на неопходните законски решенија и заштита на интересите на граѓаните и на Република Македонија.

Европскиот пат не се брани со говори. Се брани со работа, со гласови во Собранието и со одговорност пред народот. А токму таму СДС повторно падна на испитот.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top