На прво место

Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско, умира на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин

Dragan Bogdanovski 1
????????????????????????????????????

1Dragan111111

Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско, умира на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин.

Во 1977 год. Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје. За време на префрлањето до Југославија, Драган бил во бесвесна состојба.

Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци. Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор.

Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин а потоа во Шведска.

22 1Во април 1990 година Драган Богдановски од Шведска доаѓа во Берлин.

Тој не запозна за идејата, дека има подготвено програма и статут на партија која треба да се формира во Македонија.

22 2

На првиот состанок во ресторанот „Ново Скопје„ во Берлин, учествуваа: Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Стево Доневски-мајка, Мане Јаковлески, Ванчо Механџиски-новинар, кој престојуваше на гости кај Гојко Јаковлески. На овој состанок беше цврсто договорено за формирање на партија.

Драган не информираше дека има неколку луѓе во Македонија кои се подготвени, со поддршка на македонците од дијаспората, да започнат активност за формирање партија во Македонија. На средбата во Берлин исто така беше договорен начинот на финансирање на партијата.

По состанокот во Берлин, Драган Богдановски и Гојко Јаковлески заминуваат на друг состанок во Минхен. На состанокот што се одржа на почетокот на јуни 1990 година во Минхен, од Македонија присуствуваа: Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски, Владо Транталовски-татко на Дијана Транталовска. На состанокот во Минхен беше одлучено, предложеното име од страна на Драган, партијата да се вика ДПМНЕ, да се додаде и придавката ВМРО.

На 17.Јуни.1990 год.се одржа Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје. На основачкото собрание во Скопје Драган неможеше да присуствува затоа што не поседуваше Југословенска патна исправа. Веднаш по доаѓањето во Берлин, по излегувањето од затворот Идризово ја искина со зборовите: „Јас нема да ја носам оваа патна исправа затоа што не е Македонска„.

На Основачкото собрание во Скопје, говореше првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски. Првиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски го прочита прогласот за формирање партија. Реферат во името на емиграцијата прочита Гојко Јаковлески од Берлин.

Со поздравни говори Основачкото собрание го поздравија: Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн и Панде Мицев од ОМО „Илинден„ од Пиринска Македонија.

По формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, партијата со голема брзина почна да формира комитети по сите градови низ цела Македонија. УДБА и тогаш го попречуваше ширењето на партијата во Македонија.

И покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ беше масовно прифатена од Македонските граѓани, а најмасовно од младите. УДБА правеше списоци за ликвидација на активисти и основачи на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заплашат граѓаните, но без успех. Заканувањата на УДБА само ги охрабри луѓето повеќе да издржат во понатамошните активности.

На 6 и 7 април 1991 год во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата.

Во септември 1991 год. во Берлин, се одржа првото советување на македонците во дијаспората. На тоа советување присуствуваа преставници од Европа, Австралија, Канада, Америка, Пиринска и Егејска Македонија. На советувањето се донесе одлука, да се формира Задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран Драган Богдановски.

На крајот на 1993год. доаѓа до разделување со Љупчо Георгиевски.

Драган Богдановски умира на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.

Вечна му слава !

Македонска нација

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top