На прво место

Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (Обединета)

IMRO-united-statute

IMRO-united-statuteНа политичката сцена на Македонија во 1925 година се јавува како фактор уште една нова политичка организација – Внатрешна македонска револуционерна организација (Обединета). Организацијата се формира врз основа на принципите на Мајскиот манифест на ВМРО (1924), а духовен иницијатор за основање на организацијата била Балканската комунистичка федерација, формирана во Софија во 1920 година. На организацијата и се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Македонска федеративна организација, Серската група, како и други прогресивни групи.

Организацијата е формирана во октомври 1925 година на Основачката конференција во Виена, под претседателство на Димитар Влахов и со учество на преставници на главните крила и групи на македонското движење. Со цел да се истакне поврзаноста и континуитетот со старата ВМРО на Гоце Делчев, а истовремено да се создаде сплотувачки и обединувачки широк фронт на сите прогресивни сили на македонскиот народ кои се стремат и борат за негово ослободување и обединување во рамките на нејзините географски и етнички граници, организацијата ќе се именува ВМРО Обединета. Според Уставот, ВМРО (Обединета) требаше да прерасне во широко масовно движење на народот во трите дела Македонија и на сета емиграција за извојување на слободна и независна Македонија, како и за нејзино доброволно вклучување како равноправен член на идната балканска федерација.

При нејзиното основање бил избран Централен комитет со седиште во Виена. Меѓу најистакнатите членови биле Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Методија Шаторов – Шарло и др. Во 1928 година седиштето било пренесено во Берлин, што предизвикало влошување на врските со Македонија. Обидите на ВМРО (Обединета) да прерасне во легално националнослободително движење, односно во политичка партија во сите три дела на Македонија, беа безуспешни. Причините за тоа лежеа како во левата, прокомунистичка ориентација на ВМРО (Обединета), така и заради основните програмски барања за отврлање на постојните балкански државни творби и граници. Борбата на ВМРО (Обединета) за измена и прекројување на границите и формирање на автономна Македонија, како и за нејзино вклучување во поширока балканска федерација, ја правеа оваа партија непожелна и антидржавна во очите на Белград, Софија и Атина.

Дел од членовите Герџиков, Занков, Шатев и други, незадоволни од прокомунистичката ориентација на организација, безуспешно се обидувале да се издвојат во посебна организација (Цариград, 1929). Набрзо доѓа до привидно помирување и истите членови се сретнуваат не само во ВМРО (Обединета) туку и во БКП/ КПГ/ КПЈ, а организацијата наизглед добива комунистички карактер. Во 1928 и 1929 година доаѓа до партиски провали во Велес, Скопје и Куманово. Биле уапсени 113 нејзини членови, меѓу кои и членот на ЦК, Панко Брашнаров, по што згаснува нејзиното делување во Вардарскиот дел од Македонија Во Пиринскиот дел, организираната активност на ВМРО (Обединета) престанала по 1935 и 1936 година, по наредната голема провала, кога во градовите Софија, Разлог, Неврокоп и Горна Џумаја се судени околу 60 нејзини членови. Во Егејскиот дел, нејзината дејност се угасува дури во времето на Метаксасовата диктатура (1936 – 1941).

За настаните во Македонија, ВМРО (Обединета) ќе го запознее светот преку својот орган в. “Македонско дело”. Написите за апсењата и судењето во Македонија, ќе ја вознемири светската демократска јавност и ќе предизвика протести и активности на низа видни писатели, научни и културни работници, како на патриотската македонска емиграција во Америка. Истовремено светската јавност ќе се запознаа со ставот на ВМРО (Обединета) во однос на македонското прашање, како и со ставовите во однос на етничкиот состав на населението каде доминирал ставот дека Македонците се посебен народ (нација) со посебен јазик.

За посебноста на македонскиот народ, Васил Ивановски ( Ловраде, Костурско, 1906 – Софија 1991), македонски публицист и културен деец, член на ВМРО (Обединета) во Бугарија, ќе го напише авторскиот текст “Зошто ние Македонците сме посебна нација”. Според објаснувањето дадено во ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје 1981, оваа статија е објавена како авторска под псевдонимот Бистришки од Македонскиот народен сојуз во Америка ( четвртиот конгрес на Македонсакиот народен сојуз во Америја, Резолуции, Излагања, Детроит, Mich. 1934, стр. 42-55). Таа е објавена на повеќе јазици: германски, француски, англиски, грчки итн. На германски јазик е објавена во „Ваllcan Коrrеѕроndenz” (год. III, бр. 21 од 10.XII 1934 год. стр. 255/256 и бр. 22 од 25.XII 1934, стр. 266/267) под насловот „Македонска нација” непотпишана и со изменет увод и скратен заклучок. Исто така, во објаснувањето стои дека кон статијата била објавена белешка на редакцијата во која се вели: „Следнава расправа за прашањето македонската нација не доведе во круговите на македонското национално револуционерно движење ВМРО (Обединета). Бидејќи наметнатите проблеми се од принципиелно значење во статијата ќе се осврнеме на ова прашање”. Белешкава на редакцијата на весникот, ќе наметне можен заклучок и оваа статија ќе се третира како официјален став на ВМРО (Обединета),) во врска со карактеристиките на македонската нација.

Во оваа статија Бистришки во 6 точки ќе ја образложи посебноста на македонскиот народ, неговата етногенеза и процесот на создавањето на македонската нација, економската зависност од целовитоста на територијата на Македонија, со што се оправдува и борбата за создавање на независна национална македонска држава во нејзините географски и етнички граници.

Во контекст на сеуште незатвореното македонско прашање и на сите оние кои се обидуваат денес да ја негираат македонската држава и македонскиот народ, како и заради неговта актуелност, во продолжение на текстот ви го презентираме во целост делот од статијата на Бистришки „Зошто ние Македонците сме посебна нација” објавен во публикуваните “ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава”, том втори, Скопје 1981 година.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top