На прво место

Резолуцијата во Германскиот Бундестаг е донесена како резултат на реакција на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години

11111
11111
Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДОМНЕ и пратеник во Собранието во своето денешно гостување во радио Лидер зборуваше за резолуцијата во Германскиот Парламент каде рече дека тоа е добра работа и е за поздравување и објасни зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност.
По однос на резолуцијата во германскиот Бундестаг прво јас сметам дека треба да се поздрави, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност, заради две причини. Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.
Имено во врска со резолуцијата, Милошоски потенцираше дека причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ каде ВМРО-ДПМНЕ неколку години наназад предупредуваше дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство се загрозува онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години.
-Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ пред година дена, две, три од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа  во екипата  за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години, вели тој.
Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг  упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.
-Како трето, би сакал да напоменам дека ова не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во Германскиот Бундестаг. Во 2004 година во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети  и се направи една територијална организација  на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во Германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и Германскиот Бундестаг  упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту во тогаш не се оствари, додаде Милошоски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top