На прво место

18 Август 1990 г. во Гостивар се формира секција на ВМРО-ДПМНЕ

367415415 305911388491361 3550176172704570212 n

367415415 305911388491361 3550176172704570212 n

Основачкото собрание на огранокот на ВМРО- ДПМНЕ во Гостивар се одржа пред 33 години, на 18 август 1990 год.

По формирањето на ВМРО-ДПМНЕ на 17.06.1990 година во Скопје, започнаа активности за формирање на Општински комитет во Гостивар.

Во иницијативниот одбор, беа вклучени и лица кои учествуваа на основачкото собрание во Скопје. Првите средби се одржуваа во Ресторанот „Солун“ во Гостивар.

На почетокот бевме десетина луѓе од Зубовце и Гостивар, но за кратко време, по објавувањето на информацијата за основање на Општински комитет на партијата, секојдневно ни се придружуваа симпатизери, чиј број постојано се зголемуваше. Просторијата на вториот кат на Ресторанот „Солун“ во Гостивар беше претесна, да ги собере сите заинтересирани.

Од спротивната странана „Солун“, се наоѓаше кафеаната „Калеш Анѓа“, во која постојано имаше инспектори на СДБ, кои беа задолжени да ги следат нашите активности и да ги регистрираат лицата, кои влегуваа и ја поддржуваа нашата идеја. Како што дознавме подоцна, на некои активисти им бил вршен притисок, ги заплашувале дека ќе добијаат отказни решенија од работа, ако продолжат да доаѓаат на нашите состаноци. Но, тоа не им помогна да ги поколебаат македонските патриоти.

На формирањето на огранокот на ВМРО- ДПМНЕ во Гостивар, дојде највисокото раководство на партијата – тогашниот претседател Љупчо Георгиевски, потпретседателот Владимир Голубовски, секретарот Борис Змејковски, како и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и многу други. На основачкото собрание дојдоа и повеќе поддржувачи на нашата идеја од Скопје, Тетово, Кичево, Охрид и од други места.

Гостивар масовно и храбро ја прифати новата партија.

Пред да се формира огранокот, на 8 или 9 август во канцеларијата на гостиварскиот огранок, во ресторанот „Солун“, дојде Драган Богдановски, кој беше топло поздравен од иницијативниот одбор за формирање на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Притоа, Драган им даде интервју на новинарите Владо Мокров и Киро Кипроски за дневниот весник „Нова Македонија“.

По ручекот во „Солун“, заедно со Богдановски и членови на Иницијативниот одбор на гостиварскиот огранок, заминавме на митинг во Охрид. Плоштадот во Охрид беше преполн со народ, имаше околу 10.000 граѓани, кои бурно го поздравија настапот на Драган Богдановски. Во таа прилика Богдановски, меѓу другото, истакна дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може од Македонија да создаде самостојна, независна и суверена држава.

Основачкото собрание на огранокот на ВМРО- ДПМНЕ во Гостивар се одржа на 18 август 1990 год, во големата сала на Домот на културата „АСНОМ“. За претседател го избравме Младен Србиновски, за потпретседател Делче Ицков, а за секретар Цветан Личоски.

Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна да е Македонија!

Мане Јаковлески

Најново од: На прво место

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

To top