На прво место

Габриела Јаковска : МИНИСТРЕ СПАСОВСКИ, СРАМ ДА ВИ Е!

Zaginati-policajci-Kumanovo

4div1

Фотографијата не е од спомен обележјето

Е па доста беше, и јас како граѓанин на Репубика Македонија по Уставот и сите закони и меѓународни договори имам право на слобода на говор, живеам во демократска држава во која вие министре и сите кои сте на власт исто така по закон подлежите на јавно мнение, пофалби и критики, ќе се изјаснам со свое видување и став, на мој личен профил во врска со денешните збиднувања и представи за пошироките народни маси, во Куманово.

Денешниот ден, “откривање на спомен обележје, во чест и сеќавање на 8 те полициски службеници кои ги загубија животите во оној кобен Мај, 2015 година”!

Господине министре, што откривте вие денес???

“Во вооружена престрелка со терористичка групација” во Куманово 8 службеници на полицијата ги загубија животите…

Каде се членовите на терористичката групација министре? Во фотеља така? Што всушност откривте вие денес министре??? ОБЕЛЕЖЈЕ НА БРУКАТА и НЕПРАВДАТА??? Зошто дури сега министре? После толку години???

Дали не ви е срам да излезете пред жените во црно, пред мајките на кои им се откинати од под срце нивните чеда, пред нивните сопруги и деца?

Ако едно дете од било кој од загинатите и во Диво Насеље и во 2001 ва година, ги впери очите во вас и ве праша, “за кого загина татко ми”? Како ќе му одговорите? -Татко ти го положи животот за Македонија која нас ни текна и под притисок на некој ја шитнавме и и го сменивме името…следното прашање би било: Тогаш за што загина татко ми?

Што ќе му одговорите во овој случај?!

Дали не ви беше срам да се исправите пред како што кажавте “почитувани семејства на загинатите”, и да кажете дека никогаш нема да ги заборавите загинатите кои кобниот Мај 2015 година ги положија животите во борба со терористите (кои сега се сигурно вработени на некоии функции во државава), за нашата Македонија!

Да министре, МАКЕДОНИЈА! ЗАГИНАА ЗА МАКЕДОНИЈА А НЕ ЗА северна Македонија како што сте напишале на спомен плочата!

Господине министре, 2015 година Македонија не беше северна и нема никогаш да биде, можевте да ни ја пишете во документи ама во срце нема да има промена.

Зошто господине министре, ЗОШТО ВАКВА ПЛОЧА ОД МЕТРО СО МЕТРО? ЗОШТО СЕ СКОРО НЕВИДЛИВИ ИМИЊАТА НА НАШИТЕ ХЕРОИ?

Се срамите ли министре или можеби се плашите од некој па наместо достојна спомен плоча откривте обична мермерна табла, на која стојат збиени 8 скинати цвета, а со огромни букви го испишавте погребното претпријатие?!

Да погодам?!!

Ни плочава не сте ја платиле туку ви ја донирало погребното претпријатие нели?

  Дали министре се срамевте што сте во вашето Куманово, градот каде што сте се родиле, па сега покондурени отидовте, на грб на нашите херои да збирате поени?!

  Дали вашето Куманово не е достојно да сте му гостин па и кетеринг нарачавте од Скопје? Колку ве чинеше сета храна и пиење кое после завршување на глумата, наместо да го предадете на некоја хуманитарна организација, да се нахранат неколку души, (зошто не знам дали знаете министре ама од како сте на власт народов ви гладува), вие го фрливте во канти кетерингот?

  “За семејствата на загинатите не е ништо исто”, точно, и никогаш нема да биде ама за вас очигледно е исто и од длабока почит скапо ви беше да откриете бисти туку откривте спомен плочиче речиси у А4 формат, кое најверојатно е донирано бидејќи убаво се потпишал спонзорот…

 Вие рековте “нема ништо поблагородно од жртвувањето на животот за својата татковина”?!

  Зошто тогаш вие не жртвувате ни капка пот, нити денар а камоли живот за татковината???

  И за која татковина министре зборувате дека се жртвувале 8 мината полициски службеници? Дали се срамите да кажете за Македонија, па пишавте на грбот северна??? За татковината која што им ја продадовте сосе нивните коски?!

  Знамето не се вее од ветрот, ама не се вее ни од последниот здив на загинатите полицајци, за жал нивниот последен здив остана во Диво Насеље во 2015 година.

  Знамето се вее од ЗДИВОТ НА НИВНИТЕ ЖИВИ КОЛЕГИ, кои гледаат колку се подценети и колку ги обезвреднивте нивните и животите на нивните загинати колеги, од здивот на ужасот и болката на нивните семејства, од тешките воздишки кои се корнат од под старите гради на родителите кои ги закопале своите чеда, кои за земјава дадоа живот а вашата власт ја продаде против вољата на народот.

  Дали е опростиво министре, шеф на кабинет на директор да не го знае протоколот и кодексот на облекување кога се оддава почит на загинати луѓе??? Дали вашиот невкус и немарливост оди до таму да се тртите во бела панталона на спомен обележје на мртви херои???

Дали знаете министре дека од полицијата направивте поштари и го нарушивте нивниот углед, го омаловаживте нивниот кредибилитет? Дали знаете дека вашата полиција поради вашето никакво владеење изгуби секаков авторитет кај народот?

Зошто постои корупција министре? Затоа што не ги плаќате достојно и им ги чувате рацете “врзани”, па мораат под ваша диригенција да замижуваат на се, и да се занимаваат со бркање на прекупци околу пазарите додека вистинските криминалци, убијци и слично шетаат слободно затоа што дебело фрлаат пари, па полицијата е плукана после и нарежена “неспособна”? Дали сте свесни дека сте крајно непрофесионални и неодговорни, крајно несериозни и на смешен начин пробувате да му замачкате очи на народов?

 Дали знаете дека ние народов, обичниве смртници, знаеме за сиот непотизам, за сите вработени во МВР преку стрико, вујко, тетка итн? Дали знаете дека знаеме за хаваријата во цело МВР, за запослените машки без соодветно образование, за запослените женски со сомнителен морал, со тони шминка, провокативна облека која во никој случај не би требало да биде дозволена во една сериозна државна институција од безбедносен карактер???

Дали за спонзоруши се има буџет а немаше за достојна спомен плоча???

  Јас сум многу свесна министре дека ова нема да го читате, што ви е вас гајле што лупа некоја Габи нели? Е па таа Габи во 94-95 година беше запишана за средно полициско, со сите физички, психички спреми и одличен успех, но прстот на судбината ја тргнал Габи, а нејзино годиште кое продолжи е еден од загинатите, 1980/81 инаку, и лесно на овој ден можев да бидам и јас една од тие што се срамите да им ги пишете имињата!

  Знаете ли колку сум среќна што денеска не морам да се стројам пред некој како вас, и колку сум разочарана што вредноста на животот на еден полицаец ја обезвреднивте и изравнивте со 0!?

Но знаете министре, Игор Џамбазов има испеано една преубава песна која гласи вака:

Време ќе помине,

време за плачење

ДУШИ ЌЕ ПРОЗБОРАТ,

 некој ќе дознае

 каде погрешивме

Време ќе помине,

време за плачење

ТОГАШ Е НАЈТЕШКО

СРЦЕ КЕ НЕ МОЖЕ

НИ ДА СЕ ПОКАЕ!

Дека нема да се покаете тоа ни е повеќе од јасно, но и души ќе прозборат…тоа би требало да ве замисли сите вас предавници!

СРАМ ДА ВИ Е!

371513

Превземено од ФБ на Габриела Јаковска

Најново од: На прво место

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

To top