На прво место

Нема да го прифатиме овој бугарски диктат ниту сега, ниту во иднина бидејќи задира во македонскиот идентитет

plakata-vmro
plakata-vmro
Мицкоски: 15 месеци водиме конзистентна политика и нема да го прифатиме овој бугарски диктат ниту сега, ниту во иднина бидејќи задира во македонскиот идентитет
Во текот на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбите со граѓаните  јасно порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати бугарскиот диктат и дека тоа 15 месеци е конзистентна политика на партијата.
Мицкоски рече дека има редовни координации со пратеничката група и покрај тоа што  ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа под жестоки притисоци во изминатите 15 месеци,  нема да се прифати диктат кој задира во македонскиот идентитет.
-Веруваме во тоа што го правиме, бидејќи овој диктат не е прифатлив поради една проста причина, директно задира во македонскиот идентитет и тоа впрочем го кажа и самиот Бујар Османи пред некој ден дека ова нема да биде последното барање од страна на Бугарија, рече Мицкоски и дополни: – Секогаш кога разговараме со меѓународната заедница на оваа тема го поставуваме едноставното прашање, дали вие можете да ни гарантирате дека ова е единственото и последно барање или понатаму ќе има дополнителни барања?, објасни Мицкоски и посочи дека земја членка на ЕУ како што е Бугарија не почитува одлука на европска институција.
Мицкоски пред граѓаните потсети дека македонскиот народ за европската иднина промени знаме, банкноти, промени Устави, територијална распределба, и шверцерски на насилен пат промени Устав и уставно име.
– Ако била промената на Устав услов за членство во ЕУ, ние би биле шампиони, одамна би биле таму. Не знам друга земја која променувала толку Устав,рече Мицкоски и порача дека после промената на власта во Македонија ќе профунционира институтот одговорност.

Најново од: На прво место

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата. „Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние […]

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Обединетите нации порача дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска и дека малите држави не можат да бидат повикувани да ги почитуваат правилата доколку тие правила не им обезбедуваат предвидливост, еднакви критериуми и почитување на преземените обврски. Македонија, рече тој, останува на европскиот пат, но не бара пониски стандарди – бара стандардите да останат стандарди.

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

To top