На прво место

На 23 октомври го славиме Денот на македонската револуционерна борба

smrt ili sloboda 3

smrt ili sloboda 3

Македонска нација

ВМРО е идеологија, ВМРО беше и остана народно движење

“Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско;

ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи.

Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме.

Амин” 

73388348 1303091406539465 4664194952853454848 n

Изминаа 130 година откако основоположниците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов ги поставија темелите на Македонската револуционерна организација која потоа ќе стане симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.

Државниот празник Денот на македонската револуционерна борба кој се слави по повод формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун, македонскиот народ го празнува со посебен пиетет. Формирањето на ВМРО на крајот на XIX век значи почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ и АСНОМ, резултира со создавање на современа самостојна македонска држава.

Пред 130 година шестмината учители, лекари, книжари го поведоа народот на Македонија по патот на револуционерната борба, по патот до слободата. На тој пат се приклучија стотици, илјадници следбеници, се родија нови апостоли на македонската револуционерна борба.  Многумина од нив паднаа, оставајќи ги своите коски на секоја педа на со векови напатената македонска земја. Но, колку повеќе нивната крв ја напојуваше мајката земја, толку повеќе таа раѓаше нови македонски синови и ќерки кои уште посилно и пожестоко се бореа и одеа по зацртаниот пат за слобода на Македонија.

Водени од длабоката љубов кон својата земја и кон сопствениот народ, македонските синови и ќерки се спротивставуваа на пропагандите и многубројниот непријател. Иако исправени пред бројни предизвици, тие непоколебиво газеа напред, свесни дека само со сопствени сили можат да дојдат до посакуваната слобода. Ни измачувањата, ни гладта, ни болеста, ни смртта, неможеше да го отргне македонскиот народ од патот кој еднаш веќе го исцрта Македонската револуционерна организација.

Организацијата со тек на времето го менуваше името, но секогаш таа остануваше македонска и револуционерна. Сепак, четирите букви на ВМРО и девизата „Слобода или смрт“ беа длабоко врежани во свеста на македонскиот народ и беа главните ѕвезди водилки на македонските револуционери на патот до слободата. Со секој нов паднат борец тие сјаеа на небото уште посилно, посветло, се додека конечно не изгреа македонското сонце на слободата. Оттука, на 23 октомври го славиме Денот на македонската револуционерна борба.

На овој долг пат до слободата, македонскиот народ во револуционерната борба го предводеа, храбри, чесни и образовани луѓе. Луѓе со добра мисла и чисто срце, луѓе кои сакаа да обезбедат иднина за сите Македонци, без разлика на верската или етничката припадност. Нивната доблест ги обединуваше македонскиот народ и други припадници на етничките заедници  во заедничката борба за самостојност и за национална држава. За ова говорат документите во кои уште од самиот почеток се вели дека „Секој без разлика на пол, националност или лични уверувања може да стане член на организацијата“.

Ваквиот став го наоѓаме во сите документи на македонската револуционерна борба, како во Крушевскиот манифест, така и во сите други манифести кои се појавени во текот на долготрајната револуционерна борба на македонскиот народ, од Илинден 1903, АСНОМ 1944 година и референдумот за самостојна Македонска држава на 8 септември 1991 година.

Во текот на македонската револуционерна борба во Организацијата се случуваа раздори и поделби заради правецот по кој треба да се дојде до целта. Едни одеа лево, други десно, но секогаш заедничко им беше слободна и независна Македонија. Македонскиот непокор, не дозволуваше друга опција. Сепак овие разидувања беа една од причините за поделба на Македонија во Балканските војни во 1912/1913 година.

Оваа поделба повторно ќе ги обедини политичките сили на Македонците од сите делови на Македонија во единствено македонско револуцинерно движење по Првата светска војна. Но тие сили ќе бидат недоволни повторно да се обедини Македонија во нејзините природни етнографски и географски граници. Состојбите во поделената и окупирана Македонија ќе има рефлексии и на ова обединување, но народот никогаш не го заборави ВМРО и стремежот за создавање на слободна, обединета и независна македонска држава.

Овој стремеж дојде до израз во текот на Втората светска војна кога антифашистичката борба во најголем дел ги обедини македонските револуционерни сили. Така, по Илинден 1903, се случи АСНОМ 1944 година, кога на еден дел од Македонија и македонскиот народ, доби држава со ограничен суверенитет. Желбата за целосен суверенитет се исполни дури во 1991 година кога Македонија прогласи независност.  

Затоа, денес кога го чествуваме 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, како и 130 години од формиеањто на ВМРО, се поклонуваме на делото на шестмината македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО, како и на сите потомци и следбеници на Делчев, Груев, Карев, Гули, Александров, Чучков, Брашнаров, Ченто и на сите знајни и незнајни херои кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија.

Да е Вечна Организацијата!

ДА Е ВЕЧНА  И ЕДИНСТВЕНА  МАКЕДОНИЈА!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top