На прво место

Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода

6il

6il

Мицкоски: Скапа е цената која Македонците ја платија за својата слобода и затоа сакаат многумина други да ја присвојат и да ја прикажат за своја изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на денешниот настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа, при што потенцираше дека ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја тогаш никако не можеме да одиме напред

-И треба да бидеме исклучително горди на нашето дело бидејќи нашата слобода независно што велат и пропагираат нашите соседи, му припаѓа пред се на пожртвуваниот македонски народ кој даде пот, даде крв, даде животи за ова што денес го живееме. И иако сме можеби малуброен народ не треба да се заборави, гледајќи ги ваквите светли примери за кои говорам дека ние имаме херои кои платиле скапа цена, многу поскапа од многу други народи за нашата држава и за нашата независност, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО е на секој Македонец, но оваа власт се откажува и од тоа, но и од АСНОМ и историскиот континуитет на Македонецот.

– И навистина со мачнина гледам кога вакво една македонска историска драма од која речиси секој сосед сака да приграби малку, помалку срамежливо се одбележува овој ден од страна на официјалните власти. И тука не се работи за некоја голема промисленост или стратегија, туку ситнодушност која не им дозволува да видат дека ВМРО е на секој Македонец. Секако дека тоа нивно однесување не е репер, затоа што тие и од асномското партизанско движење се откажаа, но во историјата и за нашата нација важно е да се запази историскиот континуитет на нашата борба и лулката на организираната борба која несомнено произлезе од оваа организација, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО секогаш обединувало, леви и десни, сиромашни и богати, интелектуалци, земјоделци, работници и била поголема од секој поединечен интерес.

–  Чувството кое сакаат денес да го наметнат на мал и обесхрабрен народ, на луѓе кои мора да молат за својата иднина е само сликата со која сакаат да го скршат нашиот непоколеблив дух кој победувал многу поголеми предизвици и се издигал над многу поголеми ужаси. Ако не си ги почитуваме нашите предци, нашето минато и историја тогаш никако не можеме да одиме напред. Кога дојдоа на власт во таа колективна хипноза на уништување и прогон каде се колнеа во слоганот кој не само што не го спроведоа туку и самите си го испоганија, нема правда нема мир, воведоа едно колективно беснило и лудило на деструкција каде мораше да се избрише секоја трага на тоа управување, каде не велам дека немаше пропусти, но имаше премногу добри работи кои се направија и оставија и кои природно му припаѓаат на овој народ и на Македонија, рече Мицкоски.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top