На прво место

Стојаноска: Владата на СДС и ДУИ уште еднаш покажа несериозност и неодговорност во скандалот со М-НАВ

1ere1

1ere1

Стојаноска: Владата на СДС и ДУИ уште еднаш покажа несериозност и неодговорност во скандалот со М-НАВ, тоа беше скандал кој можеше да резултира со смртни последици

Не би ме чудело Владата и за последно предложениот за директор на М-НАВ нешто не смени или евентуално не  би се случило нешто и со него. Владата чека пет дена да заседава и да го разгледува случувањето во М-НАВ и гледаме пак грешки. Целосно се несериозни и неодговорни, рече Дафина Стојаноска пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа говорејќи за скандалот во М-НАВ особено за моментот што Владата објави прво едно име за директор, па откако медиумите укажаа дека не одговара за таква позиција и не исполнува услови по час-два предложи сосема нов предлог за директор.

„Нивната несериозност ја гледаме веќе седум години, а полошо не може да биде. Очекувам да е поинаку по изборите, по 8 мај. На народот му е доста и мислам дека по 8 мај се ќе се смени“, рече Стојаноска.

Стојаноска укажа дека очигледно власта предводена од СДС и ДУИ воопшто не свесна дека додека се случуваше скандалот во М-НАВ беа загрозени многу животи.

„Дали се свесни дека беа загрозени животи на многумина додека како што рекоа од ДУИ вработените се кошкале. Додека се случувал овој скандал имало прелети над македонското небо и можело да има смртни последици. Овие од власта како да играат мајтап и ние сме понижени на секое поле. Видете го премиерот, јас не знам дали својата неспособност ја покрива со глупостите, веројатно е така“, укажа Стојаноска.

Според Стојаноска не е чудно ова што се случува, бидејќи Владата во континуитет греши, а никој не одговара.

„Што се случи во Тетово со модуларната, што се случи во МВР, Спасовски издаваше пасоши на крминалци, се случи двојно убиство на Вања и Панче и многу други случаи, но никој не одговара. Министрите воопшто не чувствуваат никаква одговорност, а требаше да има оставки. Секој што погрешил мора да одговара, додека не го постигнеме тој стадиум нема ништо да направиме. Вака со неодговорност за скандали не одиме никаде“, кажа Стојаноска.

Стојаноска укажа дека не функционира ниту една институција, ниту еден сегмент во општеството.

„Денеска е деветти јануари ние не можеме да ги доброиме скандалите на власта. Има повеќе скандали отколку работни денови“, посочи Стојаноска.

И покрај тоа што објектот на М-НАВ е важен објект за безбедноста, рече Стојаноска, тој повторно ништо не направи.

„Претседателот на државата не направи ништо ниту за овој скандал со М-НАВ, ниту воопшто во својот мандат за пет години направи нешто, тој реагира само кога некој од надвор ќе не опомене“, изјави Стојаноска.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top