На прво место

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната македонска Влада

1bro3
1bro3
Мицкоски за КОХА: Сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната македонска Влада

„ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за весникот „Коха“.

На прашањето дали можно е да се повтори ситуацијата од пред неколку години кога ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, но повторно не можеше да состави Влада, претседателот Мицкоски рече дека кога политичкиот противник признава дека ќе биде поразен ако се повикуваат на анкетите и ако прават проекција за нешто што ќе се случи после анкетите, односно после изборите, тоа подразбира дека признаваат дека ќе бидат поразени.

„Видете, тоа го слушам во јавноста, провејува како теза и мојот одговор ќе го поделам во два дела. Прво, добро е што сите признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, па дури и Владата. Кога политичкиот противник признава дека ќе биде поразен, ако се повикуваат на анкетите и ако прават проекција за нешто што ќе се случи после анкетите, односно после изборите, тоа подразбира дека признаваат дека ќе бидат поразени. И сега во услови како да го држат своето партиско ткиво, својата партиска структура, единствен начин им е  оваа теза да ја расеменуваат во јавноста, да кажуваат „да, ВМРО ќе победи убедливо, ама нема да формира влада“. И сега тука ќе го надоврзам вториот дел од мојот одговор. Кога ги слушате луѓето коишто се дел од раководството на ДУИ, кога велат дека „без ДУИ не може да има влада во иднина, бидејќи тие ќе победеле во албанскиот блок“, па потоа еден политички маргиналец како Мендух Тачи којшто ќе повикува на војна ако ДУИ и останатите не биле дел од Владата, на едно интервју на една телевизија, тогаш се поставува прашањето како ВМРО-ДПМНЕ замислуваат со 55-58 пратеници да биде надвор од Владата, а ДУИ со 13-15 пратеници морало да биде во Владата? Малку ми е хаотична и би рекол сатирична целата таа ситуација. Но, на крај, мојот одговор е секако дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и секако, да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи во годините коишто следат идната македонска влада“, појасни Мицкоски.

На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му беше поставено прашањето дали ставовите се дека сака да ја види ДУИ во опозиција, но последните анкети што се објавуваат покажуваат дека ДУИ ќе биде победник во албанскиот политички блок. Дали во тој случај, ВМРО нема да коалицира со ДУИ или ќе прави некој исклучок?

„Номинално да бројката е таква. Сепак, разликите се огромни кога ќе се споредат победата на ВМРО визави СДСМ и евентуалната победа според ДУИ во однос на албанскиот блок. И сега јас бидејќи разгледувам многу анкети и правиме како политичка партија многу анкети, јавноста го гледа само оној дел кој што е излез од анкетата, односно рејтинзите на политичките партии. Јавноста не може да го види „влезот“ во анкетата. А што е влезот во анкетата? Влезот во анкетата е прашањето за кого гласавте на последните парламентарни избори.

Сега, ако го споредите „влезот“ во анкетата и „излезот“, кај ВМРО-ДПМНЕ ќе видите дека има зголемување на тој процент. Условно кажано, на последните избори гласале 18-19%, а „излезот“ е 23-24%. Кај ДУИ „влезот“ е да речеме 8,5-9%, а „излезот“ е 6,5%-7%, што значи дека номинално има намалување. Кога ќе се направи оваа социолошка анализа, доаѓам до заклучок дека ДУИ ќе биде непријатно изненадена од резултатот којшто ќе се случи на парламентарните избори“, заклучи тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на прашањето дали мисли дека е можно да се најде партнер кај албанските партии за формирање на Влада со оглед на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ по однос на промената на Уставот, одговори дека ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција. Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ

„Повторно мојот одговор ќе го поделам на два дела. Лага е тезата дека со промена на Уставот, Македонија ќе стане членка на ЕУ. Со промена на Уставот, Македонија ќе отпочне процес кој што никој не гарантира дека успешно ќе заврши. Тоа што  ВМРО-ДПМНЕ го бара, еве да речеме и да издегистираме сето тоа кое што треба да се случи, ајде да видиме дали постојат гаранции дека е тоа последното. Второ, ако Бугарите бараат од нас да бидат дел од Преамбулата на Уставот, тогаш зошто тоа го бараат? Дали се човекови права во прашање? Затоа што ако се човекови права во прашање, во Европа постои референтна институција која што се вика Суд за човековите права во Стразбур. И тој Суд за човекови права во Стразбур донел 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија дека човековите права не им се почитуваат и нула за бугарската заедница во Македонија. Ајде да видиме што ќе правиме со тоа. Затоа што не можете вие да барате од нас да направиме уште една отстапка, којашто повторно ќе остави лузна на нашиот идентитет, а од друга страна тоа што треба да го почитувате како држава која што ја ратификувала Конвенцијата за човекови права, не го почитувате“, рече Мицкоски и дополни дека како држава после сите отстапки заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но за жал никој никогаш не водеше сметка што има за овој народ и за овие граѓани, туку секогаш политичарите гледаа што имаат за себе.

Така што ние како политичари во ВМРО-ДПМНЕ сега размислуваме малку понатаму, ајде да видиме што има за народот и за државата, па дури потоа може да седнеме и да разговараме за се. Ние сме подготвени за се да разговараме после изборите со секого. Кога сме кај коалицискиот капацитет, ќе ве потсетам дека денеска ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција, ако пледирате на албански политички партнер, и во општина Гостивар и во општина Тетово. Во општина Гостивар е со АА на Арбен Таравари, во општина Тетово со Билал Касами, односно Движењето БЕСА. Ако пледирате во македонскиот блок, еве ние сме во коалиција во Куманово со претседателот на Движењето „ЗНАМ“, односно градоначалникот Максим Димитриевски. Така што, ВМРО-ДПМНЕ има широка лепеза на потенцијал за коалиција. Но, вистинското прашање е дали останатите имаат потенцијал за коалицирање со најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“, појасни Мицкоски и дополни дека желбата и опција на ВМРО-ДПМНЕ за коалиција после изборите е албанската опозиција.

„Знам дека можеби ова ќе биде злоупотребено од страна на одредени про-ДУИ мегафони, но да, нашата и моја лична, еве да бидам попрецизен, желба како иден коалиционен партнер да бидат партиите кои се дел од албанската опозиција“, додаде Мицкоски.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top