На прво место

Сајкоски: Владата на СДСМ и ДУИ направи огромни штети во инфраструктурата

7il7

7il7

Сајкоски: Владата на СДСМ и ДУИ направи огромни штети во инфраструктурата, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира делницата Кичево – Битола, обиколница кај Ресен, реконструкција на пристаништето во Охрид и многу други проекти

На денешната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ свое обраќање имаше Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека владата на СДСМ и ДУИ нанесе огромни штети во инфраструктурата поради неработењето, криминалот и корупцијата а вети дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира многу проекти како патната делница Кичево -Битола, рехабилитација, реконструкција и асфалтирање на делницата Крушево и патот што го поврзува Кичево со Битола, експресниот пат кој што ќе ги поврзува Меџитлија граничен премин со Грција и автопатот Прилеп – Битола обиколница кај Ресен и реконструкција на пристаништето во Охрид.

„Драги Кичевчани секогаш кога ќе поминувате по автопатот Кичево Охрид присетете се на владата која што направи огромна штета за овој регион сетете се на владата која што има невидена не работа од сите влади до сега, сетете се на една влада која што ветуваше брз проток на стоки а направи нај спор проток на стоки и услуги, сетете се на една влада која зборуваше за раст и развој а донесе невидена стагнација. Сетете се на една влада која  што зборуваше дека ќе има безбедност во сообраќајот а денес ние имаме безброј жртви по патиштата низ Македонија а особено на автопатот Кичево Охрид. Затоа имаме можност таа влада да ја казниме на 24 април и 8 мај заедно сите да укажеме дека ваква влада не треба да има никогаш повеќе“, нагласи Сајкоски.

Сајкоски посочи за огромните штети што ги нанесе оваа влада на СДСМ и ДУИ во инфраструктурата поради неработењето, криминалот и корупцијата.

„Во 2014 година се отпочна со работа патната делница Кичево- Охрид и до 2016 се направи пробивање на патот за околу 55 проценти. За жал наназад кога ќе гледаме ќе видиме дека од 2016 воопшто ништо не е сработено, бараа разни образложенија. Бараа изговори, но вие ќе видите дека таму има корупција не работа криминал, има менување на подизведувачи и тоа е причината, не работата и криминалот зошто не е завршена делницата. Железничкиот сообраќај е на исто така лошо ниво низ нашата држава. Кичево имало железнички сообраќај 1920 година и наместо денес да е модернизиран и да не поврзува сега во 2020 година таа можност им е ускратена затоа што денес ние немаме воопшто сообраќај до Кичево“, истакна Сајкоски.

Сајкоски посочи и неколку проекти кои ќе ги реализира идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како патната делница Кичево -Битола, рехабилитација, реконструкција и асфалтирање на делницата Крушево и патот што го поврзува Кичево со Битола, обиколница кај Ресен и реконструкција на пристаништето во Охрид.

„Можам да ветам дека во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе се направи рехабилитација и реконструкција на патната инфраструктура, железничка на Скопје -Кичево и ќе се отпочне со редовно сообраќање на воз на оваа делница. Помош и за граѓаните и стопанството затоа што ова е важна делница. Ќе ја реализираме и патната делница Кичево -Битола рехабилитација, реконструкција и асфалтирање, реконструкција и на делницата Крушево и патот што го поврзува Кичево со Битола и да има поврзување какво што заслужуваат Крушевчани. Ќе се направи и реконструкција на патниот правец Крушево и Кривогаштани на тој начин тој регион ќе го заокружиме. Во план за следниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ е и патниот правец, експресниот пат кој што ќе ги поврзува Меџитлија граничен премин со Грција и автопатот Прилеп – Битола. Проект за обиколница во Ресен и реконструкција на пристаништето во Охрид во соработка и препораки со УНЕСКО“, истакна Сајкоски.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top