На прво место

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

7il78

7il78Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

„Јас ќе зборувам за неколку работи, дел се тековни, дел ќе бидат нови, но истовремено нема како, а да не споменам дека сигурно нема да биде како до сега. Се сеќавате на еден одговор на мнозинскиот иако е малцински партнер во Владата, претседателот на помалата партија која во суштина е поголема во Владата, му даде сугестија на Ковачевски кога беше прашан од страна на новинарите како ќе продолжите понатаму, па овој рече како до сега. Сигурно нема да биде како до сега“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, општина Кичево.

„Со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу поразлично, од како што беше до сега. Затоа што до сега буквално немаме никакви победи како народ, како држава, туку нижеме порази, декаденција, срам, понижување, криминал, пљачка насекаде. И најчесто дури и оние малку проекти кои што беа реализирани во делот на инфраструктурата се проследени со многу сомнежи за сторен криминал и корупција“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт сиот криминал и корупција што се случил во делот на инфраструктурата детално ќе се истражи и ќе има одговорност за тоа.

„Видеото  „Стани Благоја, да те види сала“  заврши со една наредба која што требаше да биде реалност, а тоа е да автопатот Кичево – Охрид биде завршен во јануари 2024-тата година. Сега сме веќе втора половина на февруари месец, а од автопатот нема ниту „А“. И е невозможно да има крај на тој проект во јануари 2024-та година. зошто? Затоа што во овој момент кога ќе направите детална анализа и пресек до каде се градежните активности ќе заклучите дека тој е некаде 70-тина проценти завршен од тоа што треба да биде 100%. Значи имаме некаде од прилика 30-тина проценти. И ние детално подготвувајќи се за оваа трибина, анализирајќи ја состојбата во која што денеска се наоѓа оваа патна делница истовремено имајќи јасен приказ со што располагаме како градежен капацитет можеме да излеземе со ветување кое што ќе биде дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека целосната делница ќе биде завршена и пуштена во употреба втората половина или би рекол крајот на 2026-тата година“, вети Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ветува нешто што ќе реализира за граѓаните, а не како оваа власт.

Мицкоски додаде дека доколку се анализира проектот на „Бехтел и Енка“ ќе се заклучи дека тој ваков како што е има вредност од 1,3 милијарди евра, но таму може да се увиди дека најголемиот дел од вистинските ставки кои што ќе треба понатаму да бидат применети во проектот не се вклучени со цена. И кога сето тоа ќе се антиципира истите тие ќе бидат вклучени со цена, па на тоа ќе се додадат трошоците за експропријација и тогаш сигурно таа бројка од 1,3 милијарди ќе натфрли повеќе од две милијарди евра па можеби и повеќе. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за да се реши овој проблем бидејќи досега заклучно со декември месец се потрошени повеќе од 14,5 милијарди денари, а шајка не е закована.

„Мотивирани од сите овие проблеми, антиципирајќи ги можеби сличните вакви проблеми сакаме да седнеме и на една фер основа, партнерска основа да постигнеме договор и да го завршиме овој проект. Ние не сме против градење бидејќи сите овие патни делници биле дел од програмите на ВМРО-ДПМНЕ и во минатото, туку сакаме тоа да биде најекономично, најоптимално и најисплатливо за македонските граѓани“, појасни Мицкоски.

„Експресниот пат од Градско преку Росоман завршува до Прилеп, тоа е во три фази. Третата не е почната, но првите две фази гледате дека се градат со години. Ние како ВМРО-ДПМНЕ со правилен менаџмент, теренски со јасен план овој проект планираме во 2026 година да го завршиме и на тој начин Градско, Росоман до Прилеп ќе биде поврзана делницата со што ќе биде зголемена безбедноста“, рече тој.

Во текот на дебатата претседателот Мицкоски спомена и за фамозните два километри од Блаце кон Скопје кои што се уште се градат и не верува дека ќе бидат изградени од страна на оваа власт. Но, затоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт и тој пат ќе се среди и тоа до крајот на 2024-тата година.

„За да го поврземе граничниот премин Блаце со Скопје, имаме уште една делница од 10 и половина километри, делот кој што треба да го поврзе Скопје со овој граничен премин, и имајќи ја в предвид ситуацијата со која што сега се наоѓа, имајќи в предвид техничките можности од прилика реално е да се очекува дека до крајот на мандатот на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде завршено. И на тој начин Скопје ќе биде поврзан со граничниот премин Блаце“, укажа тој.

Мицкоски додаде дека во првата година од мандатот на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде завршен и експресниот пат кој што Ранковце го поврзува со Крива Паланка. А, исто така две многу значајни патни делници ќе бидат испроектирани до ниво на проект, а тоа е поврзувањето со експресен пат на Струмица и граничниот премин Ново Село, и истовремено автопатската делница од Велес преку Чашка до Прилеп.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top