На прво место

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

5gor1

5gor1

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата.
Над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Условот од 10 илјади потписи е надминат.
Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!

Македонскиот народ на 24 април и 8 мај мора да се мобилизира да ја даде целата своја поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе ги штити македонските национални интереси. Со нејзината победа таа ќе ја врати правдата и стабилноста во земјата.

Затоа е потребно народот масовно да излезе на овие претседателски и парламентарни  избори и да гласа за Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Тие со своето гласање треба да ја делегитимираат авторитарната власт на СДС и ДУИ.

Овој пат мнозинството кои власта ги разочара, треба масовно да излезат и да и дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Дафкова идната мајка на нацијата.

Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!

На Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за идна Претседателка на Македонија што се одржа на 2 март 2024 г. идната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова изјави: Секој може да си го смени стилот на живеење, може да промени многу нешто, но никогаш не може да си ја промени татковината.

„Македонска нација“ апелира до сите кои си ја сакаат нашата татковина Македонија, сплотени како никогаш до сега, да излезат на гласање и да дадат поддршка на Гордана Силјановска Давкова која ќе ги штити македонските национални интереси.

На 24 април и 8 мај да гласаме за професорката Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

Вечна да е Република Македонија!

АМИН!

Македонска нација

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top