На прво место

Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите

2mb9

2mb9

Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност, на народот му требаат надеж и промени

Очекувам голема победа на изборите во Изборната единица 2 и не само таму туку и во сите изборни единици, ќе биде историска победа. Дали е Оливер Спасовски носител или Лукаревска, сите на купче ќе ги победиме. Гледаме дека нема што да понудат, државата ја донесоа во криза на секаков план, дали економија, судство, здравство, еве и во МВР гледаме, скандал до скандал. Оливер Спасовски го остави МВР без координација за пасоши, остави заробена држава и треба да има одговорност, изјави за Анализа на ТВ24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Во однос на тоа каква кампања ќе се води Мисисајловски истакна дека додека гледаме како СДС тера негативна кампања и почна со навреди, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања и ќе покаже дека може поинаку.

– Ние ќе покажеме со народот дека може позитивно, ќе пробаме да донесеме надеж. Тие ветуваа живот, донесоа црнила, на народот му требаат надеж и промени и да видат дека Македонија е нивна и тоа мора да го направиме, изјави Мисајловски.

Во однос на проблемот со Бугарија, Мисајловски нагласи дека СДС немаат проблем што било да дадат, ВМРО-ДПМНЕ оди со поинаков пристап да се седне да се разговара за Македонија и македонскиот народ да добијат нешто.

– Дававме претходно решенија, но сето тоа беше одбиено од СДСМ. Треба да седнеме да разговараме. Видовте што се случи за Украина за да се усвои, излезе една членка надвор за да се усвои, за Македонија имаме историски најчуден договор каде се бараат отстапки за нешто што можеби ќе го добиеме, тоа е бугарски диктат.  Зошто Бугарија на пример не прифати пресуди од Судот за човекови права и сега збориме за еднаквост? Ние ќе дадеме се од себе и ќе бидеме искрени пред целиот народ, додека Македонија и македонскиот народ не добијат нешто, рече Мисајловски.

Запрашан за црната листа на САД, тој истакна дека гледаме лица од власта или поврзувани со власта и тоа е затоа што правосудството во Македонија има најнизок рејтинг, а криминалот и корупцијата се највисоки и ако ги прашате граѓаните што е најцрно че речат дека е тоа.

– Граѓаните немаат доверба и скандалите немаат завршница.  Изминативе години гледаме дека луѓе од власта се појавуваат на црна листа на САД. Овие забелешки и реакции од САД се поради тоа шти не функционираат институциите, ние може да имаме и најдобри закони но дали функционираат. Дали за сите овие скандали изминативе години има постапки? Еве со издавањето на пасоши, верувате дека неколку службеници во подолни ешалони се одговорни да се издадат пасоши на белосветски бандити? Имаме случај за модуларни болници, за Онкологија, немаме ништо, се развлекува за да нема одговорност, изјави Мисајловски.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top