На прво место

Јубилеен 1000-ти број на Порталот Македонска нација

DOOM - Kongres 2

DOOM - Kongres 2 copy

Зошто порталот „Македонска нација“ во 2009-2024 година?

“Македонска нација“ не е орган на политичка партија, друштво, или организација, туку е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. На македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност“.

Ќе напише во својот уводник уредникот Драган Богдановски на “Македонска нација“ во далечната 1971 годината кога за прв пат светлото на денот го виде весникот “Македонска нација“. 

Весникот, во кој ќе можеа да прочитаат за себе, за својата татковина, за своите најблиски. Но, и весникот, чија главна улога беше да се зборува за она што беше забранeто. Да се зборува за вистината на Македонците, за вистината на Македонија, за вистината, која се сокриваше. За вистината на религијата, историјата, за националната припадност … за нас Македонците, протерани, замолчени, измачени и убивани. За вистината на Македонија, за нејзината независност, за улогата на странските држави, за улогата на соседите. За се што придонесе да се јави гласот на освестените Македонци. Македонците кои си ја сакаат својата држава, своето парче земја, својот јазик и својот идентитет.

31070

Зошто порталот “Македонска нација“ од 2009-2024 година и одбјавени илјатници текстови во повеќе рубрики?

Ќе речете, премногу сличности за период од над педесет  години!?

Дефинитивно е така, и тоа е факт! Но, факт е и дека стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира! Тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство. Нашата мисла водилка, што ја негуваме години наназад. Да ни го одземе правото на свое размислување и определување.

Велат, годинити се менуваат но, болките остануваат. И тоа е точно. Сега во времето на демократијата во Европа ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани бoлки. Повторно некој сака да каже дека сме нешто друго.

Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа.

Повторно некој сака да ја менува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата. 

Ние знаеме дека сме Македонци.

Ние знаеме дека не можеме да бидеме ништо друго.

Ништо освен Македонци. Големи или мали, како сакате!

Ете затоа повторно гласот на Македонецот.

Ете затоа повторно “Македонска нација“.

Овој пат многу послободен за да може да зборува за себе, за вистината, за Македонија. Да ги истражи и објави сите неправди, сите злодела што со години наназaд ни биле направени, а при тоа никој не сакал да ги слушне.

Да ги објави вистините за Македонија, па колку и да се тие болни за некого. Да се чуе гласот на секој Македонец, овде во нашава татковина, но и надвор во Дијаспората, Пиринска, Егејска Македонија и Македонците во Албанија. Тоа им го нуди нашиот портал.

Порталот “Македонска нација“ е местото, каде се објавуваат вистините за нашата држава. Местото, во кое свое место ќе си најде секој. Затоа што ние разбираме дека живееме во демократија. Впрочем тоа беше и желбата на оние кои го издадоа првиот број на весникот “Македонска нација“.

Секој има право на својата вистина. Таа едноставно мора да се чуе, разбере, напише.

Ете затоа повторно “Македонска нација“. 

Ете затоа на 1000 броја порталот “Македоинска нација“.

За да нема тајни мисли. За да нема задкулисни игри, на кои ние Македонците од секогаш сме биле жртви. За да нема прогон. За да нема осуда. Затоа што мислата мора да живее. Сонот мора да се реaлизира.Татковината мора да опстои, а ние Македонците мора да се бориме за да не’ биде.

Тоа е пораката која мора да ја носиме сите во нас, како водилка низ мачнината која  повторно ни се случува.

Вечна да е “Македонска нација“www.mn.mk. 

Вечна да е Македонија!

1Mane 2 Мане Јаковлески уредник на “Македонска нација“www.mn.mk. 

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top