
Јаревски: Го поздравувал ли Пајзаити Блерим Рамадани од Ахмети во притвор, и дали завршил работа истиот да избега заради приватен бизнис интерес на ДУИ?
Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?
Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје.
Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди.
За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети?
Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир?
Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот?
СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ?
Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити.
Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен.