На прво место

Мицкоски: Десет принципи за заедништво и сплотеност

457360639 505031312123541 5661026318072714987 n

457360639 505031312123541 5661026318072714987 n

На Свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември, премиерот Христијан Мицкоски соопшти десет принципи околу кои треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители, мора да се воспостави правда и правна држава, да се прекине со партизација во општеството, како и да не се создаваат етнички конфликти и поделби.

Прво, мора да воспоставиме правда и правна држава. И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција.

Второ, мора да се прекине партизацијата на општеството, да не ги делиме луѓето од една или друга партија, туку на способни и помалку способни. Способните мора да напредуваат. Не смее партиската книшка да биде дозволата за напредок, туку дипломата и реалното знаење. Мора Мерит системот да биде над сè друго. Напредување врз основа на способности и компетенции. Вредните мора да добијат шанса, наместо оние кои со врски напредуваат.

Трето, мораме да се оградиме и етничките конфликти и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство. Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот, изјави тој и додаде дека мора да се подобри стандардот а граѓаните, односно економијата да е фокусот и полето на натпревар.

Четврто, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните. Економијата да е фокусот и полето на натпревар. А тоа ќе го постигнеме преку работа, и само работа.

Петто, мора да создадеме праведно општество. Јас ги разбирам и критиките на поединците и компаниите чии маржи ги ограничивме за набавка на школски прибор како дел од мерката ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, но да го објавам и списокот на маржи од кои боли глава и каде ќе видите дека некој дебело заработува врз осиромашениот народ. Ја почитувам слободната економија и се борам за тоа, но народот не е наивен и не треба низ плаштот на слободна економија, а во суштина создавање на монопол или дуопол дебело да се полнат приватните џебови.

Шесто, мора образованието да е билетот за успех и сите сили да ги вложиме во тоа. Нашите луѓе низ светот постигнуваат извонредни резултати, а дома факултети во некои сомнителни објекти печатат дипломи. И сето ова ќе биде испитано. Образованието е силата која може да не избави од сиромаштијата и да не придвижи напред и во економијата и во технологијата.

Седмо, мораме да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел а тоа е членството во Европската Унија. Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат.

Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар.

Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок.

Осмиот принцип, е единството. Можеме и природно да имаме различни мислења, ставови, но за државните прашања, и темите од заеднички интерес мораме да покажеме единство. Може да се делиме, но македонскиот сон мора сите заедно да го отсонуваме и за него сите заедно да победиме. Да не се делиме за крупните прашања, да не го пропуштаме времето на кавги, за сметка на напредок. Внатре дома ќе дебатираме за сите прашања, но надвор мораме да бидеме единствени. Тоа мора да биде нашата сила.

Деветто, мораме да се бориме против иселувањето. Премногу добри луѓе се иселија во потрага за подобар живот. И премногу светилки се изгасија. Нема луѓе за работа. Погледнете ги полињата, период е на гроздобер, тие се полни со многу возрасни луѓе и по некој млад човек кој не сака да ги разочара родителите. Врз нивни плеќи се крепат основите на она во што веруваме. Но генерално младите луѓе си одат. И тоа е поразително. Мораме да ги задржиме со подобри услови за живот и шанса за младите кои мора да бидат движечка сила.

Десетто, мораме да издвојуваме и веруваме во идеолошки битки. Нашата, мојата е заедничкиот патриотизам, кој треба да не обедини. Тој не е ништо друго туку заедничко верување и заедничка борба за иднината во државата. Тој треба да не обедини сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати под македонското сонце. Не да се радуваме на мали искри, туку заеднички за големи победи и големи чекори напред. Премногу е пропуштено и треба многу да се направи“, дециден е премиерот Мицкоски.

Мицкоски побара единство и сплотеност за овие 10 принципи и порача до сите лидери да се обединат кон оваа платформа која обединува. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top