На прво место

КНИГА СО ДОСЕГА НЕПОЗНАТИ ВО НАШАТА ЈАВНОСТ СВЕДОШТВА ЗА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

5 copy

5 copy

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ НА МАРКОС“ од познатиот српски писател и новинар од еврејско потекло Оскар Давичо.

Оскар Давичо (роден во 1909, а починал во 1989 година) бил голем вљубеник во егејскиот дел на Македонија и во 1947 година  во екот на Граѓанската војна во Грција, заедно со група странски новинари  во рамките на Комисијата на Обединетите нации, го посетил егејскиот дел на Македонија, по што своите доживувања и записи ги објавил во обемна книга од близу 400 страници, која досега не беше објавена во Македонија. Во книгата, освен описите на градовите и селата во егејскиот дел на Македонија и луѓето во нив, објавени се и сензационални сведоштва од Граѓанската војна во егејскиот дел на Македонија! Меѓу нив објавено е и досега непознато во нашата јавност  интервју со генерал Маркос од 1947 година во кое тој јасно ги признава Македонците како посебна нација! Објавени се интервјуа и  со други команданти на ДАГ, кои исто така  јасно сведочат за постоењето на Македонците во егејскиот дел на Македонија, а сведочат и за теророт што Македонците го доживувале од сите грчки влади од Балканските војни, па наваму.Во книгата се интервјуирани и Македонци борци на ДАГ кои јасно се декларираат како Македонци.

6

Оскар Давичо

Книгата од Оскар Давичо била објавена на српски јазик во 1947 година, но по само неколку месеци, во 1948 година, книгата била забранета во тогашна Југославија поради судирот помеѓу Тито и Сталин и поддршката на генерал Маркос на Сталин.

Неодамна благодарение на нашиот историчар и писател Александар Донски книгата е пронајдена и од неа за прв пат на македонски јазик е објавен избор од најударните стотина страници. Потоа, по иницијатива на Донски, овие  вредни историски податоци се преведени и на англиски јазик со цел по електронски пат да бидат испраќани на странските субјекти. Конечно, имајќи го предвид фактот дека Македонците кои денес  живеат во егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски, но читаат на грчки, книгата е преведена и на грчки јазик од страна на соработник на Донски од егејскиот дел. Според неговите зборови книгата на грчки јазик веќе масовно се споделува среде Македонците таму и за неа имало голем интерес.

Покровител на објавувањето на оваа книга е Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј со претседателот Душан Ристевски, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип со претседателот Стојан Димков. Спонзори на преводите на книгата се: Трајче Т. Трајкоски од Перт (Австралија), Александра и Горан Серафимовски од Австралија и „Maкедон –  преведувачи и издавачи“ од Сиднеј, исто така од Австралија.  За жал, заради недостиг на средства книгата во своите три верзии засега е објавена само во електронски формат.

Со овој проект  Александар Донски и натаму ја продолжува борбата со странските анти-македонски пропаганди и тоа на нивни терен, а ние како9 Македонци, треба  да се поклониме и пред ликот и делото на Оскар Давичо, кој во книгата јасно напишал дека егејскиот дел на Македонија му е во срцето и чиј живот бил во опасност за време на престојот таму кога грчките монархофашисти му организирале и неуспешен атентат. Ја повикуваме државната и локалните власти да размислат околу оддолжување кон ликот  и делото на Оскар Давичо преку именување на некоја улица со неговото име.

На крајот како илустрација за страотните сведоштва за теророт на грчките монархофашисти против Македонците пренесуваме дел од изјавата на припадникот на ДАГ Ламбринас, која ја дал пред присутните новинари, а која е објавена во книгата на Оскар Давичо (цитираме):

„…Деспина и Аницис Кавреки беа мачени со струја за да ја предадат илегалната печатница. Но, тие не ја предадоа и затоа ги убија! А другарот Вирон Хаџи го убија во Ксеномер. Другарката Христина Кјатипи од селото Алино ја силуваа и ја обесија со главата надолу со бајонет забоден во нејзината осквернавена женственост. Ја симнавме мртва од дрвото круша додека роеви црни мушички излегуваа од неа. Десет припаднички на ЕАМ од Агио Пантелејмон  беа силувани и тепани со стапови, а потоа беа врзани со каиши за стругарата како во Средниот век. А Деспотос, млад работник во истата стругара, жив го исекоа долж неговото тело со двојна пила како што се  сечат талпите. А неговата бремена жена ја пресекоа на три дела од главата до стомакот…“

Постојат и други вакви страотни сведоштва за теророт врз Македонците, кои никого нема да го остават рамнодушен и со кои треба да биде запозната и меѓународната јавност.

Наведуваме и изјава од интервјуто со  генерал Маркос објавено во книгата од Оскар Давичо (цитираме):

„За краткото време на власта на ЕАМ од септември до декември 1944 година Славомакедонците имаа можност да се уверат дека нивните надежи не беа залудни. Тие тогаш рамноправно, заедно со грчкиот народ, уживаа во плодовите на слободата. Тие слободно зборуваа на својот јазик, печатеа свои весници, отвораа училишта во кои се предаваше нивната историја…“  

Трите верзии од книгата веќе се поставени на интернет на сло0бодно симнување и тоа на веб-страната на Виктор Бивел од Австралија, која е најбогатата веб-страна со книги за македонската историја. Книгите можат да се симнат до следните линкови:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Among-the-Partisans-of-Marcos.pdf

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Megju-Partizanite-na-Markos.pdf

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Among-the-Partisans-of-Marcos-Greek-Version.pdf

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy М.Н

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top