На прво место

Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени устранови набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО

90

90

Стојаноски

Здравството со СДС и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста на СДС и ДУИ, кои наместо здравјето на граѓаните го ставаа личниот профит во преден план.

Според информациите кои ги имаме, а според извршените контроли од ФЗОМ и другите надлежни институции нотирани се бројни самоволија во здравствените установи, кои очигледно често биле резултат на личен интерес.

При контролите констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност, но за истите ЈЗУ нема обезбедено претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот и тоа во следниве ЈЗУ: Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Струга, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје,  УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Општа болница – Струга, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар.

Злоупотреби се правени и во делот на дежурствата. Имено при контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје,  УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје,  УК за психијатрија – Скопје, Општа болница – Струмица.

Одговорните лица во здравството од СДС и ДУИ се однесувале како клиниките и болниците да се нивна своина, без да водат грижа за вработените, средствата и пациентите.

Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top